Азооспермија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Азооспермија





Бројот на сперматозоидите, нормално во милилитар е над 60 милиони. Аналогно, според бројот на сперматозоидите, се утврдуваат следниве термини:



- 60-120 милиони во милилитар – нормоспермија

- 20-60 милиони во милилитар – хипоспермија

- помалку од 20 милиони во милилитар - олигоспермија

- кога во спермата нема сперматозоиди – азооспермија



Азооспермијата може да биде:



-секреторна

-екскреторна



Секреторна азооспермија



Тоа е состојба при која тестисите не произведуваат сперматозоиди. Најчести причини за оваа состојба се:



-генетски мутации или ненормален кариотип (Клинефелтеров синдром)

-билатерален крипторхизам (кога тестисите не се спуштни во скротумот)

-воспаление на тестисите

-хормонски дефицити

-радиотерапија или хемотерапија во склоп на разни малигни болести



Многу е битно да се одреди за кој тип на секреторна азооспермија станува збор. Во зависност од нивоата на FSH (фоликуло-стимулирачки хормон), постојат три типа:



-азооспермија со висок FSH

-азооспермија со нормален FSH

-азооспермија со низок FSH



Дијагноза



Се поставува врз основа на анамнезата, клиничките прегледи, спермограмот, микроскопско испитување, бидејќи често макроскопскиот преглед на спермата не укажува на ова пореметување, хормонска дозажа, биопсија на тестисите.



Терапија



Терапијата е во принцип можна доколку постои недостаток на FSH, во некои случаи е доволно и да се почека спонтано опоравување, на пример, кај хемотерапија и зрачење, а кај генетските причини или тешки оштетувања на тестисот како после воспаление или траума, прогнозата е лоша. Во некои случаи во ткивото на тестисот постојат сперматозоиди во мал број ( за да се утврди тоа, потребна е биопсија на тестисот), при што некои од тие сперматозоиди може да се употреби за интрацитоплазматска инјекција на сперматозоиди (ICSI).





Екскреторна азооспермија



Продукцијата на сперматозоидите е можна меѓутоа поради препреки во семеводите, сперматозоидите не доспеваат во ејакулатот и при микроскопски преглед не се утврдува нивно присуство. Причините се вродени или стекнати дефекти во семеводите на сите нивоа. Вродените аномалии најчесто го погодуваат почетокот на семеводните канали, тнр. високи аномалии, кај кои не се остварило правилното спојување на одводните канали на спермата. Стекнатите оптурации се последица на повреди, операции или инфекции.



Дијагноза



Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата, сперматограмот, клиничките прегледи, хормонско дозирање, ултразвук, или радиолошка, и хируршка експлорација.



Лекување



Терапијата е хируршка, и прогнозата е добра (до 60% успех).



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER