Акутен бронхитис - воспаление на големите дишни патишта | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Акутен бронхитис - воспаление на големите дишни патишта

Автор:



Д-р Елена Јовановска

Специјализант по Анестезиологија, реанимација и Интензивно лекување






Бронхитот претставува воспаление на големите дишни патишта кои се разгрануваат од трахеата (бронхиите), и обично е предизвикан од инфекција, но понекогаш и од иритација на инхалирачки гасови, чад, честички од прашина, и некои типови на загадувачи.




  • Акутниот бронхитис обично е предизвикан од вирусна инфекција
  • Симптомите на обичната настинка кои се проследени со кашлица обично укажуваат на акутен бронхитис
  • Дијагнозата се поставува врз основа на примарните симптоми
  • Антибиотска терапија скоро и да не е потребна.




Симптомите кои траат до 90 дена обично се класифицираат како акутен бронхитис; симптомите кои траат подолго, понекогаш со месеци или години обично се класифицираат како хроничен бронхитис.

Кога хроничниот бронхитис се презентира со намален експираторен проток (издишен проток), со дефинирани карактеристики, се смета за хронична обструктивна белодробна болест (ХОББ).



Во ова поглавје ќе дискутираме само за акутниот бронхитис.



Причини



Акутниот бронхитис може да биде предизвикан од инфекција или од експозиција на иританси.



Инфективен бронхитис често се појавува во зимскиот период и најчесто е од вирусна природа. Вирусниот бронхитис може да биде предизвикан од многубројни вируси, вклучително и најчест инфлуенца вирусот (вирусот на грип). Дури и по повлекувањето на вирусната инфекција, симптомите може да траат со недели.



Инфективниот бронхитис може исто така да биде предизвикан и од страна на бактерии. Често бактериските бронхитиси се појавуваат после горно-респираторна вирусна инфекција. Акутниот бронхитис кој се јавува кај пушачи почесто има бактериска етиологија (причина). Mycoplasma pneumoniae и Chlamidia pneumoniae се бактерии кои често предизвикуваат акутен бронхитис кај младите индивидуи. Во ретки случаи, инфекцијата со Bordetella pertusis (магарешка кашлица) може да предизвика акутен бронхитис.



Пушачите и лицата кои имаат хронични заболувања на белите дробови може да доживеат повторувани напади на акутен бронхитис. Овие епизоди може да бидат предизвикани од бактерии, вируси, иритација од страна на инхалирачки гасови, чад, или пак комбинација на фактори. Потхранетоста го зголемува ризикот од инфекции на горно-респираторниот тракт и акутен бронхитис, особено кај децата и постарите лица.



Хроничните синусни инфекции, бронхиектазиите, и алергиите исто така го зголемуваат ризикот на повторувани епизоди на акутен бронхитис. Децата со хипертрофични (зголемени) тонзили и аденоиди може да имаат чести епизоди на бронхитис.



Иритативен бронхитис или наречен индустриски или околински бронхитис, може да биде предизвикан од експозиција на различни метали и вегетирачка прашина како и чад од цигари и смог. Изложувањето на пареи од силни киселини, амониум, и некои органски растворувачи, хидроген сулфид, сулфур диокисид и бромиди може исто така да предизвика иритативен бронхитис.






Симптоми



Инфективниот бронхитис започнува со симптоми на настикна: болно грло, течење од нос, слабост и болки во мускулите. Мускулните болки заедно со лесна треска од 37,5 до 38 степени се чести симптоми, особено доколку инфекцијата е поради инфлуенца (вирусот на грип). Почетокот на кашлицата (обично на почетокот сува) сигнализира почеток на акутен бронхитис. При вирусниот бронхитис често се искашлуваат и мали количини на серозен мукус (бистра слуз). Оваа слуз често се менува од белузлава до жолта или жолто-зелена. Промената на бојата не значи дека постои бактериска инфекција. Промената во бојата може да значи дека воспалителните клетки мигрирале во дишните патишта и се причина за пребојување на спутумот (искашлокот).



При тешката форма на бронхитис, температурата може да достигне и над 38 -39 степени, и може да трае од 3 до 5 дена, но повисоката температура е честа во случај на инфлуенца вирусот (вирусот на грип). Кашлицата е последен симптом, и обично се потребни неколку недели за да се повлече. Вирусите го оштетуваат бронхијалниот епител, и е потребно подолго време за обновување на слузницата.



Воздушната хиперактивност е честа и е обично краткотрајна поради стеснувањето на дишните патишта со неспособност или ограничување на волуменот на воздухот кој поминува низ белите дробови. Оштетувањето на воздушниот пат може да биде предизвикано од чести експозициони фактори, како иританси: парфеми, јаки мириси, или вдишување на иритирачки пареи, ладен воздух... итн. Доколку оштетувањето на дишниот пат е тешко, индивидуата може да почувствува недостиг од воздух. Свирежите, особено после кашлицата се чести.



Компликации: Сериозни компликации како акутен респираторен арест или пневмонија, обично се појавуваат кај лица кои имаат примарна болест на белите дробови, како хронична обструктивна белодробна болест, постари лица, или лица со пореметување во одбрамбените имунолошки механизми.



Дијагноза



Дијагнозата обично се поставува врз основа на симптоматологијата. Покачената температура и треска и пролонгираната треска се знак за присуство на пневмонија. Докторите може да слушнат визинг (свиреж) за време на аускултацијата на белите дробови. Понекогаш се потребни рентгенски снимки со цел да се исклучи пневмонија, обично кога се слуша визинг или конгестија, или кога лицето има отежнато дишење.



Примерок земен од грлото може да биде корисен за детектирање на инфлуенца (грип). Исплувокот обично се испитува доколку докторите пронајдат доказ за пневмонија на РТГ снимките или за време на физикалното испитување на белите дробови. Доколку кашлицата трае повеќе од 2 недели, рентгенските снимки се прават со цел да се исклучи примарна белодробна болест, како карцином на белите дробови.



Лекување



Лекови против кашлица може да се користат во супримирањето на кашлицата која особено го пореметува спиењето за време на ноќта. Но кашлицата која продуцира повеќе искашлок (спутум) обично не треба да се супримира. Експекторансите може да помогнат во намалувањето на секрецијата и потпомогнуваат во искашлувањето, но дали ова е од помош не е точно јасно.



Возрасните лица може да земаат аспирин, ацетаминофен, или ибупрофен за намалување на температурата и општите симптоми на болеста, но децата смеат само да примаат ацетаминофен или ибупрофен, но не и аспирин. Лицата со акутен бронхитис, кои имаат треска треба да пијат големи количини на течности (над 2 л на ден).



Антибиотици не се користат во третман на бронхитис освен кај лица каде инфекцијата е предизвикана од Bordetella pertusis или кај лица со ХОББ (хронична обструктивна белодробна болест).



Антибиотиците не се од помош кај лицата со вирусен бронхитис. Како и да е, доколку е суспектна инфлуенца како причинител, третманот со антивирусни лекови може да биде од помош во првите 48 часа од почетокот на симптомите.



Кај децата, манифестациите на ограничен дишен проток може да бидат потпомогнати со инхалација на пареи од благопријатни масла. Кај потешките случаи со визинг (свирежи во белите дробови), инхалирачките бронходилататори често се користат за редукција на свирежот. Кортикостероидите, исто така се користат во намалувањето на кашлицата, воспалението и хиперактивноста на дишните патишта, особено кога кашлицата трае и после повлекувањето на инфекцијата.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER