Американците предупредуваат: Ни претстои нова вирусна закана – Фокин грип? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ИНФЕКТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Американците предупредуваат: Ни претстои нова вирусна закана – Фокин грип?

По птичјиот и свинскиот грип, американските научници предупредуваат за уште една опасност, односно вирусот H3N8 или фокин грип кој може да биде следната вирусна опасност. Фокиниот грип е изолиран сој на вирус кој го пренесуваат фоките.







Податоците се аларманти предупредуваат научниците кои наишле на 162 мртви фоки на еден брег. Биле направени лабораториски анализи на 5 фоки и сите биле инфицирани од новиот тип на вирус H3N8.



Сеуште не е потврден начинот на кој вирусот се пренесува и размножува, но се знае дека освен на фоките може да се пренесе и на други цицачи, односно се претпоставува дека може да се пренесе и на човекот. Според досегашните истражувања на научниците потврдено е дека овој вирус е способен да напаѓа специфичен протеин кој се наоѓа во човековите бели дробови.



Научниците се сомневаат дека можно е птиците да го имаат пренесено мутираниот тип на вирусот во периодот кога владееше опасноста од птичјиот грип. Како и да е, се работи за опасен тип на вирус и комбинација која сеуште не сме ја виделе – вали д-р Ен Москона професор на Корнел- Медицинскиот колеџ во Њујорк, а воедно и шеф на истражувачката екипа.



Има причини за загриженост, додава таа и неопходни се навремени превентивни мерки. Научниците тврдат дека со ваков тип на вирус човекот сеуште се нема сретнато и додава дека доколку не се превземе нешто можно е наскоро тој да однесе многу животи. Сепак дали ќе се повтори сценариото со птичјиот и свинскиот грип или овој пат проблемот навремено ќе биде надминат, останува да видиме.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER