Амфетамини | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПСИХИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Амфетамини

Амфетамините се стимуланси кои што делуваат на централниот нервен систем. Синтетичките амфетамини се нарекуваат мет-амфетамини. Амфетамините се синтетички дроги, т.е. стимуланси на мозокот кои предизвикуваат промени на менталните и моторните функции.



Во медицинската употреба, амфетамините се воведени како лекови против настинка, покачена телесна температура, дури и како средства за слабеење. Денеска се во употреба при терапијата на нарколепсија и хиперкинетичкиот синдром кај децата. Со злоупотребата на амфетамините се стимулира активност на организмот до крајни граници на издржливост, при што се редуцираат чувствата за глад и замор.



Хемиски состав



Метамфетаминот се добива со преработка на ефедрин или псеудоефедрин кои се користат како лекови. Дејството на амфетаминот и метамфетаминот е многу слично, само што ефектите се посилно изразени кај метамфетаминот. Детекцијата во урината кај амфетаминот е можна во рок од 8 до 24 часа од употребата, додека кај метамфетаминот, таа е можна во рок од 2 до 3 дена од употребата.



Изглед



Амфетамините на пазарот најчесто се појавуваат во облик на спид (speed) синтетички дериват на амфетаминот. Најчесто се појавуваат во облик на бел прав или таблети без мирис, со горчлив вкус, додека поретко можат да се најдат во вид на капсули и кристали. Стандардното пакување е проѕирно фолиено ќесе со прав или кристали. Чистотата на правот изнесува од 6% до 10%. Кристалите (метамфетамин), имаат посилно и подолготрајно дејство (максимално и до 30 часови).



Начин на употреба



Најчесто се конзумираат преку шмркање, голтање, пушење или интравенски. Интравенскиот начин на користење е многу опасен поради зголемениот ризик од предозирање или од инфицирање поради користење на заедничка игла.



Ефекти



Ефектите започнуваат 15-30 минути по земањето и траат од 4 до 6 часови со можност за продолжување до 24 часа. Личноста под дејство на амфетамин се чувствува вознемирено и чудно, понекогаш и безволно. Поголемите дози ги зголемуваат ефектите, при што личноста станува се повеќе возбудена, зборлива и доживува лажно чувство на самодоверба или надмоќ, може да се однесува на бизарен начин, да стане агресивна или непријателски расположена.



Ментално дејство



Во менталното дејство се наоѓаат зголемена живост, позитивна промена на расположението, чувство на комфор, зголемена разговорливост и комуникација, зголемена агресивност, чувство на издржливост и сила, незаинтересираност за пријателите, губиток на сексуалната желба (либидото), намалување на апетитот и параноично однесување.



Физичко дејство



Физичкото дејство на амфетамините се карактеризира со сувост на устата, забрзана работа на срцето, забрзано дишење, зголемен крвен притисок, зголемување на телесната температура, проширени зеници. Пропратните ефекти се карактеризираат со потење, црвенило поради високата телесна температура, проливи или констипација, замаглен вид, грчеви, немир, вртоглавица, губење на ориентација, неконтролирани движења (трперење, грчеви), несоница, рани по телото, вкочанетост.



Амфетамините лесно се детектираат со користење на стандардните тестови за дроги. Во урината остануваат во рок од 24 – 72 часа по земањето. Во организмот остануваат од 24 – 96 часа.



Долгото земање на амфетамини може да доведе до потхранетост и хиповитаминоза (недостаток на одредени витамини), кожни пореметувања, појава на чир, несоница, депресија, итн.



Амфетамините создаваат физичка и психичка зависност



Со долготрајното земање на амфетамините се создава одредена толеранција. Поради тоа, личноста ја зголемува дозата и на тој начин, метамфетаминот станува потребна субстанца во човековото тело за нормално функционирање. Зависниоста претставува најголем проблем при одвикнувањето и поради тоа се потребни зголемени количини на лекови за да се постигнат посакуваните резултати. Кај оние корисници што земаат големи количини на амфетамини во подолг временски период може да се развие амфетаминска психоза. Тое е ментално пореметување, слично на параноидната шизофренија. Психозата се манифестира со халуцинации, илузии и паранои. Понекогаш, таквите личности покажуваат чудно и насилно однесување.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER