Андропауза - хормонски промени кај мажите | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Андропауза - хормонски промени кај мажите

Во научните кругови се уште има несогласувања околу тоа дали постои "машка менопауза" и кои се мерливите критериуми за оваа појава. Термините "машка менопауза" и "средновечна криза" се всушност синоними за андропаузата.






Се смета дека тоа е резултат на природната еволуција, не затоа што мажите се сексуално супериорни, туку за да се задржи човечкиот вид. Имено, низ историјата, мажите биле ловци и воини и многу често гинеле на млада возраст, па останувало на постарите да го обезбедат потомството.



Меѓутоа, ако се земе предвид дека животниот век тогаш бил двојно пократок отколку денес, поимот за старец, денеска одговара на најдобрите години на современиот маж. Непосреден е фактот дека во овој период од животот, кај мажите се забележува пониско ниво на хормонот тестостерон.



Како што кај жените опаѓа функцијата на јајниците, така кај мажите, во половите жлезди доаѓа до намалена продукција на тестостерон. Разликата е во тоа што јајниците се гасат во функционална смисла, додека во тестисите продолжува создавањето на сперматозоиди.



Андропаузата или машката менопауза е последица на постепеното опаѓање на нивото на тестостерон. Симптомите на ниско ниво на тестостерон се манифестираат на повеќе начини - вклучувајќи физички, емотивни промени, како и промени во однесувањето.



Какви се промените?



Мажите ги забележуваат андропаузалните симптоми во вид на постепено намалување на енергијата во мускулите, опаѓање на концентрацијата и ослабено либидо.



Истражувањата покажуваат дека постои директна врска помеѓу нивото на тестостерон и сексуалниот нагон. Со годините ова се случува кај сите мажи, па засега е невозможно да се одреди возрасната граница од која ќе биде потребна лекарска помош и соодветна терапија.



Типични симптоми на андропаузата се: раздразливост, несоница, губење или ослабување на либидото, проблеми со ерекцијата, губење на мускулната маса, зголемена телесна тежина, ослабена меморија, губење на коскената маса и депресија.



Андропаузата ги погодува сите мажи без исклучоци. Порано или подоцна секој маж минува низ такви промени. Во светот се наведуваат податоци дека има тенденција на се помлади мажи кои страдаат од овие тегоби, дури и на возраст од 35 години.



Кои се главните причини за спуштање на старосната граница?



Хормоналните промени во средовечниот период кај мажите вклучуваат намалување на нивото на следните хормони: пред се - тестостеронот (Т), тироидните хормони (Т3 и Т4), хормонот на раст (GH), како и еден прохормон кој се означува како DHEA.



Опаѓањето на нивото на овие хормони природно започнува на возраст од 25- 27 години и постепено продолжува со текот на времето. Забрзаниот пад е последица на стресот, а потоа и на физичката неактивност, неквалитетна исхрана, прекумерна телесна тежина и загадувањето на животната средина.



Дали постојат лекови, односно терапија за андропауза?



Основна терапија е надокнадување на намалениот тестостерон, која заради можните несакани ефекти мора да се изведува под надзор на стручно лице. Витамини кои можат да помогнат околу симптомите на андропаузата се бетакаротенот кој е важен за нормално функционирање на репродуктивните органи кај мажот и витаминот Е кој ги штити клетките од ефектите на предвремено стареење.



Автор: Кристина Дамчевска

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER