Анелгезична нефропатија (Оштетување на бубрезите по употреба на високи дози на анелгетици) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Анелгезична нефропатија (Оштетување на бубрезите по употреба на високи дози на анелгетици)

Автор:

Д-р Елена Јовановска

Специјализант по Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување



Анелгезична нефропатија (Оштетување на бубрезите по употреба на високи дози на анелгетици)



Анелгезичната нефропатија претставува хроничен интерстициумски нефритис кој се среќава кај пациенти, главно кај жени кои конзумираат поголеми количини на анелгетици, обично во траење од повеќе години. Ова доведува до атрофија на бубрезите и бубрежна слабост.






Причини за настанување



Повеќето пациенти со анелгезична нефропатија употребувале комбинации на анелгетици, вклучително фенацетин во комбинација со кофеин, парацетамол, кодеин, ацетаминофен, аспирин и нестероидни антиинфламаторни лекови. Овие пациенти обично патат од главоболка или болки во грбот.



Клиничка слика



Пациентите со анелгезична нефропатија често долги години не покажуваат никаква симптоматологија, се до терминалниот стадиум на бубрежна инсуфициенција. Болеста е ретка кај лица помлади од 30 години. Најчестите симптоми се симптомите на суперинфекција. Кај секој пациент со инфекција на уринарниот тракт неопходно е да се испита внесот на анелгетици. Артериската хипертензија (зголемен крвен притисок) се јавува како симптом кај 50% од пациентите.



Папиларната некроза сама по себе има тивок клинички тек, и единствено што ја предизвикува појавата на симптоми е кога папиларното ткиво е оштетено – што предизвикува хематурија (присуство на крв во урината), уретрални колики и опструкција.



Прогресијата е најчесто бавна и многу често клинички не се разликува од останатите болести на бубрезите, освен индивидуалните. Кај болните често се среќаваат и абдоминални проблеми, неспецифични главоболки и артралгии (болки во зглобовите).



Зголемената инциденца на туморите на уринарниот тракт е подоцнежна компликација на болните со анелгезична нефропатија.



Дијагноза



Се поставува врз основа на анамнезата (користењето на лекови), клиничката слика, објективниот преглед, лабараториските анализи, ултразвук, интравенска урографија, КТ (компјутеризирана томографија), биопсија на бубрезите.



Терапија



Избегнувањето на внес на анелгетици мора да биде постигнато, бидејќи тоа е најважниот облик на терапија кај болните со постоечка анелгезична нефропатија. Диурезата треба да се одржува најмалку 2L/24h, а останатите тераписки мерки се исти како и оние кај болните со останатите бубрежни заболувања.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER