Антиоксиданси | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВА ИСХРАНА

Антиоксиданси

Антиоксидансите се супстанции што се присутни во мали количини во однос на супстратот што е подложен на оксидација ( липиди, протеини, јаглени хидрати, ДНК), но значително ја инхибираат или потполно ја спречуваат нивната оксидација. Антиоксидансите делуваат на тој начин што го успоруваат оксидативниот процес на слободните радикали кои што можат да доведат до оштетување на клетките што е причина за настанување на многу болести како што се кардиоваскуларните болести или дијабетес. Притоа, антиоксидансите влијаат и на јакнењето на имуниот систем и врз намалувањето на ризик од настанување на инфекции и тумори.

 

Ензимската антиоксиданс одбрана ги вклучува најчесто следните соединенија: супероксид дисмутаза(SOD), глутатион пероксидаза (GPx), каталаза(CAT).

 

Неензимските антиоксиданси се претставени со: аскорбинска киселина (витамин C), токоферол (витамин Е), глутатион (GSH), каротеноиди, флавоноиди,коензим Q10, како и други антиоксиданси.

 

Делувањето на антиоксидансите се заснова на нивната способност да делуваат како “чистачи“ на слободните радикали односно донори на електрони или Н- атоми;

 

 

Слика 1 Реакција помеѓу антиоксиданс и слободен радикал

 

Неемзиски антиоксиданси се од голема важност за човекот, претежно се наоѓаат во растенијата односно во најголем процент ги има во овошјето и зеленчукот.

 

Витамин Е - C29H50O2

 

-главна состојка на липосолубилниот витамин Е претставува еден од најзначајните природни антиоксиданси во клеточните мембрани и липопротеини. Витамин Е претставува липосолубилен витамин што делува како антиоксиданс. Игра важна улога во метаболитичките процеси и имуниот систем. Добри извори на витамин Е се растително масло, маргарин, семки, јаткасти плодови, зеленчук и некои житарици. Поголемиот дел од луѓето го земаат овај витамин преку храната во доволни количини.Личности со одредени пореметувања, како што се болести на црниот дроб, цистична фиброза, и Кронова болест имаат поголема потреба од овој витамин.

 

Каротеноиди

 

Каратеноидите се темно обоени делови на растенијата, овошјето и зеленчукот од кои што настанува активниот облик на витамин А. Еден од најпознатите каротени е Бета – каротен, антиоксидант што ги штити клетките од оштетувањето на слободните радикали. Доколку не внесуваме доволна количина на витамин А, нашиот организам е подложен на инфекции и проблеми со видот. Високи концентрации на витамин А во организмот (хипервитаминоза) може да доведе до различни болести, а во бременоста и до малформации на плодот. Акутно труење доаѓа доколку особата внесе стотина илјади UI – интернационални единици витамин А. Симптоми на хронично труење се јавува кај возрасни особи што внесуваат повеќе од 25 000 интернационални единици дневно.

 

Бебињата и малите деца се исклучително осетливи и заболувања се јавуваат и при внесување на мали количини на витаминот, дури и при користење на креми што содржат ретинол. Зголемена количина на бета – каротен може да ја промени бојата на кожата во жолта или портокалова а со престанокот на внес бојата се враќа во нормала.

 

Витамин А – ретинол  C20H30O

 

Витаминот А претставува липосолубилен витамин.Може да биде од растително или животинско потекло. Во овошјето и зеленчукот најмногу се содржи кај оние делови што се обоени, а во производите од животинско потекло најмногу го има во црниот дроб и млекото.

 

Во мали количини се наоѓа и во житариците.   Витаминот А овозможува правилен раст и развој на забите, скелетот, меките ткива, мукозните мембрани и кожата. Познат е под името РЕТИНОЛ  затоа што учествува во создавањето на пигмент што се наоѓа во ретината на окото.Допринесува за прилагодување на очите при промена на јачината на светлина. Игра значајна улога во периодот на бременост и доење. Ретинолот е активен во облик на витамин А и се наоѓа во животинскиот црн дроб и полномасното млеко.

 

Витамин Ц  C6H8O6

 

Витамин Ц е хидросолубилен витамин што е неопходен за правилен раст и развој (кожа, коски, врзивно ткиво)  има важна улога во апсорцијата на железо. Овој витамин се наоѓа во овошјето и зеленчукот. Добри извори се: лимоните, црвена и зелена пиперка, домат, брокули, зелка. Поради тоа што е хидросолубилен,внесувањето на голема количина на витамин Ц не е штетно бидејќи се излачува со урината. Неопходен е во излачувањето на колагенот-протеин што се наоѓа во состав на кожата, тетивите, лигаментите и крвните садови. Од суштинско значење е при зараснување на рани, одржување на рскавицата, коските и забите. Многу важно е да се внесува доволна количина на овој витамин преку храната. Ретко се случува труење со витамин Ц бидејќи не се акумулира во организмот бидејќи вишокот се елиминира со урината. Меѓутоа, ако се внесе повеќе од 2000 мг дневно може да доведе до болки во стомакот и дијареа.

 

Симптоми на недостаток на витамин Ц се: гингивитис – воспаление на непцата, крварење на непцата, груба и сува кожа, сува и кршлива коса, споро зараснување на раните, појава на модрици, паѓање на заби, анемија, ослабен имунитет, зголемена телесна тежина со оглед на успорување на метаболизмот. Тежок облик на недостаток на витамин Ц е познат како  „скорбут“ што се јавува главно кај постари и неухранети особи. Зголемен внес на витамин Ц е потребен кај трудници, доилки, пушачи, луѓе што се опоравуваат послем операции од изгореници. Витамин Ц треба да се внесува секој ден бидејќи не се задржува во организмот.

 

Селен -минерал

 

Претставува минерал, тој не е антиоксиданс, но влегува во состав на некои ензими како што се антиоксидантните. Во најголем дел селенот во организмот се внесува преку храната. Количината на селен во храната зависи од местото и начинот на подготовка на храната.Црниот дроб, рибите и пченицата се генерално добри извори на селен. Селен се користи при болести на срцето и крвните садови вклучувајќи мозочен удар и атеросклероза. Се користи како превенција за рак на простата, желудникот, кожата и белите дробови. Се препорачува кај намалување на активноста на тироидната жлезда, остеоартритис, реуматоиден артритис, мускуларна деградација, неплодност, синдром на хроничен замор, труење со арсен. Селен се користи и за спречување на компликации и смрт кај повреди на главата и изгоретини. Селенот се користи и за превенција птичји грип, лечење на ХИВ – СИДА, како и намалување на несаканите ефекти при хемотерапија.

 

Коензим Q10 : C59H90O4

 

Коензим Q10 претставува суптанца слична на витамините Е и К, што ја има и во човековиот организам, најмногу во црниот дроб, бубрезите, срцето и панкреасот. Има антиоксидативна активност. Во организмот го внесуваме со исхрана на месо и преку морски плодови.Може да се синтетизира во лабараторија и да се користи како лек. Се користи при кардиоваскуларни болести и болести на крвните садови во услови како што се: намалена работа на срцето, болка во градите – ангина, хипертензија, срцеви проблеми поврзани со терапија на канцер. Исто така се користи при дијабетес, заболувања на непца (се нанесува директно), канцер на дојка, и хантингтонова болест.

 

Се верува дека овај коензим спречува губењето на косата при терапија со варфарин – лек што се користи за спречување на коагулација  на крвта. Коензим Q10 се користи за зголемување на енергијата затоа што има улога во производството на АТП молекулите во клетките. Се користи и за лечење на некои наследни и стекнати пореметувања при митохондријални оштетувања, како и за подобрување на перформансите при вежбање. Се користи и при јакнење на имунитетот кај луѓе заболени од ХИВ вирусот, машки инфертилитет, мигрена, болка во мускулите предизвикана поради користење на лекови – статини.

 

Се смета дека може да го продолжи животниот век поради тоа што нивото на коензим Q10 е највисоко во првите 20 –сет години од животот а потоа опаѓа.Во 80- сетите години нивото на коензим Q10 може да биде помало дури и од нивото на коензим Q10 при раѓањето.Прв пат е идентификуван во 1957 година. Денес се користи во многу земји најмногу против кардиоваскуларни заболувања особено при срцева исуфициенција. Коензим Q10 се добива со ферментација на шеќерна репка и трска со посебни слоеви на квасци. Тој е неопходен за нормално функционирање на многу органи и хемиски реакции во организмот, затоа што обезбедува доволна количина на АТП во клетките. Личности со одредени заболувања како што се: срцева исуфициенција, хипертензија, парадентоза, паркинсонова болест, болести на мускулите, сида,  имаат ниско ниво на коензим Q10.

 

Слика 2 : Храна богата со антиоксиданси

 

Интеракција помеѓу одделни антиоксиданси

 

Витаминот Ц – аскорбинската киселина и алфа – токоферолот делуваат како најмоќни растворливи хидросолубилни и липосолубилни антиоксиданси, соодветно. Секој од нив работи со свој механизам, додека меѓусебно делуваат синергистички. Третиот антиоксиданс бета-каротенот, делува така што ја намалува реактивноста на молекулите на слободните радикали, а во раствор делува како слаб антиоксиданс.Тој е повеќе липофилен од алфа токоферолот и се претпоставува дека е присутен во мембраните и липопротеините.

 

Ова претпоставка овозможува да се смета дека бета каротенот во липофилните делови ги “неутрализира“ слободните радикали далеку поефикасно од алфа токоферолот. Ако интеракцијата помеѓу витаминот Ц и Е може да биде ефикасна, интеракцијата помеѓу витамин Ц и бета каротенот е невозможна. Интеракцијата помеѓу витаминот Е и бета каротенот е малку веројатна.

 

 Магистер по фармација Васил Бурлијовски

 

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER