Банка за матични клетки од крвта на папочната врвца | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Банка за матични клетки од крвта на папочната врвца

Крвта од папочната врвца е онаа крв која останува во самата врвца и плацентата после раѓањето кога врвцата ќе се пресече. Банката за матични клетки кои потекнуваат од крвта на папочната врвца користи надворешни извори како место кое служи за складирање и конзервирање на крвта од папочната врвца на Вашето бебе.



Зошто би ја складирале крвта од паопчната врвца на Вашето бебе?



Крвта од папочната врвца на Вашето бебе служи како извор на матични клетки, кои генетски се разликуваат од Вашето бебе и Вашето семејство. Овие матични клетки функционираат како доминантни клетки, поради фактот што учествуваат во процесот на изградба на ткивата, органите, и системите во телото.



Стем клетките (матични) може да се трансформираат во останати типови на клетки во телото и да создадат нов раст и развиток, тие се градежна основа на имуниот систем. Оваа трансформација на клетки ги охрабрува лекарите во третирањето на леукемијата и некои останати малигни заболувања.



Матичните клетки од папочната врвца ја имаат истата способност да ги третираат болестите како што се оние од коскената срцевина, со многу помала сигнификантна можност за отфрлање.



Со давањето на матичните клетки од папочната врвца во банка токму за оваа намена, си овозможувате еден вид на сигурност доколку во иднина се појават здравствени проблеми. Стем клетките од бебешката папочна врвца можат да бидат од корист и при лекувањето на одредени болести и кондиции и кај самиот родител или близнак.



Како се складира крвта од папочната врвца?



Самиот процес е едноставен, сигурен и безболен. Обично е готов за неколку минути. Самиот процес не интерферира со раѓањето без разлика дали тоа е изведен по вагинален пат или со царски рез. Вашиот лекар обично користи две опции за колекција на крвта од папочната врвца: метода која користи шприц, или метода која користи посебни кеси за колекција.



Првата метода која користи шприц, се користи за да се извлече крвта од умбиликалната врвца кратко време откако таа ќе се пресече. Процесот скоро е идентичен со земањето на крв за рутинска крвна слика.



Методата која користи кесички се изведува со елевација на умбиликалната врвца за да се одведе крвта во специјално наменета колекторна кесичка.



Крвта мора да се колектира во првите 15 минути после раѓањето, и треба да се процесира во посебни лабаратории во наредните 48 часа.



Што се случува со крвта откако таа ќе се собере?



Крвта од Вашето бебе се процесира и се складира во посебни лабаратории кои нудат такви складишта (банки).



Колку чини складирањето на крвта од папочната врвца?



Цената на складирањето зависи од банка до банка, зависно од државата каде се врши складирањето. Обично цената е околу 900-2100$, зависно од временскиот период кој го нуди банката за складирање.

Многу често самата банка нуди опција за претходно плаќање на сметката (prepaid), како и попуст за подолго складирање.



Што ако несакам да ја складирам крвта од папочната врвца на Моето бебе?



Крвта од папочната врвца на Вашето бебе може да биде од искучителна помош не само за Вас, вашето бебе, туку и за останатите членови од фамилијата. Не-профитабилните банки и медицински институции колектираат, процесираат и складираат стем клетки со цел да им помогнат на останатите луѓе. Самиот чекор е ист како и донирањето на крвта.



Донирањето на стем клетките од папочната врвца на Вашето бебе, може да спаси нечиј живот.



Специјалист по гинекологија и акушерство

Д-р. Милорад Ристески

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER