Баретов синдром (Barett-ов езофагус) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Баретов синдром (Barett-ов езофагус)

Претставува стекнат дефект на слузницата на хранопроводот поради долготрајно присуство на гастроезофагеален рефлукс (враќање на содржината од желудникот во хранопроводот) и најчесто се манифестира со улцерации или стриктури (стеснувања), претежно локализирани во дисталниот дел на хранопроводот.



Клиничка слика

Постои присуство на знаци за рефлуксна болест на хранопроводот или хијатална хернија, дисфагија (отежнато голтање), одинофагија (болки при голтањето), жарење, регургитација, подригнување и повраќање.

Баретовата слузница е класифицината во групата на преканцерози (болести на хранопроводникот со висок ризик за појава на карциноми). Хистопатолошки се открива цилиндричен епител на местото каде инаку се наоѓа сквамозен епител, како и присуство на главни париетални жлези на желудникот во хранопроводникот или мукоза на тенко црево.



Компликации

Можна е појава на пептични улцерации, аденокарцином и манифествно крварење на местото на баретовата слузница.



Дијагноза

Се поставува врз основа на рентгенолошки, езофагоскопски и хистопатолошки преглед.



Терапија

Лекувањето е конзервативно, со редовни езофагоскопски и хистопатолошки контроли. Во случај на појава на веќе споменатите компликации, се применува и радикално, хируршко лекување.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER