Бартолиниева циста | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Бартолиниева циста

Бартолиниевите жлезди се наоѓаат на секоја страна од вагиналниот отвор. Овие жлезди лачат течност која помага во подмачкување на вагината. Понекогаш, отворите на овие жлезди се зачепуваат, и предизикуваат течноста која се лачи да се враќа во жлездите. Резултатот е релативно безболен оток, наречен Бартолиниева циста. Од време на време, насобраната течност може да се инфицира, резултирајќи со гној опкружен со воспалено ткиво (апсцес).





Симптоми



Ако цистата остане мала и нема инфекција, тоа може да помине незабележано. Но, доколку таа расте, тогаш може да се почувствува јазол или топче на допир.



Ако цистата се инфицира, може да се имаат следниве симптоми:



- болен јазол или грутка во близина на вагиналниот отвор

- непријатност додека се оди или се седи

- болка за време на секс

- треска



Причини



Експертите веруваат дека причината за Бартолиниева виста е насобирање на течност. Течноста може да се насобере кога отворот на жлездата постане опструиран (зачепен) поради локална инфекција. Откако цистата се инфицира, може да се формира апсцес. Голем број на бактерии може да ја предизвикаат инфекцијата, вклучувајќи ја Ешерихија коли, како и бактериите кои предизвикуваат сексуално преносливи болести, како што се гонореја и хламидија.



Дијагноза



За да се дијагностицира Бартолиниева циста, лекарот може да:



- поставува прашања во врска со медицинската историја

- да изврши карличен преглед

- да земе примерот од секретот на вагината или грлото на матката

- да препорача земање на биопсија (парче ткиво) ако се сомнева за канцерозна лезија (најчесто кај постменопаузални жени или постари од 40 години)



Лекување



Често, Бартолиниевата циста не бара лекување, особено ако е асимптоматска. Кога е потребно, третманот зависи од големината на цистата, степенот на непријатноста која ја предизвикува, дали е инфицирана и дали има апсцес. Постојат неколку опции за третман, и тоа:



- Ситови бањи. Понекогаш, седењето во бања до половина во топла вода (ситови бањи), неколку пати во денот, во период од 3-4 дена, може да помогне во прскање на цистата и нејзино дренирање.



- Хируршка дренажа. Ако цистата е голема, тогаш се пристапува кон хируршка дренажа, под локална анестезија, се прави инцизија (засек) и се отстранува насобраната течност или гној од цистата.



- Антибиотици



- Марсупиализација. Хируршка постапка која се користи за да се спречат рецидивите на Бартолиниева циста. Слична на хируршката дренажа, со овој метод се ставаат конци на секоја страна од направената инцизија, за да е креира перманентен отвор од околу 5 милиметри.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER