Бекерова циста | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Бекерова циста

Бекеровата циста претставува поплитеална (задколенична) кеса исполнета со течност, која предизвикува притисок и чувство на стегање позади коленото. Болката особено се влошува кога подколеницата целосно се истегнува или се собира.





Симптоми



Во некои случаи, Бекеровата циста не предизвикува болка, и дури може и да не се забележи. Следниве знаци и симптоми се поврзуваат со нејзиното појавување:





- оток зад коленото, а понекогаш и во ногата

- болка во коленото

- вкочанетост

- чувство на допир како балон исполнет со вода







Причини




‘Рскавицата и тетивите на коленото се потпираат на синовијална течност, која служи за подмачкување. Оваа течност и помага на ногата слободно да се движи и го намалува отпорот помеѓу подвижните делови на коленото.



Синовијалната течност циркулира низ коленото и поминува во и надвор од него низ различни формации, наречени бурзи. Помеѓу колениот зглоб и задколената бурза постои вентилен систем, кој го регулира протокот на синовијална течност во и надвор од бурзата.



Но, понекогаш коленото произведува премногу синовијална течност, што резултира со нејзино насобирање во бурзата, и формирање на таканаречената Бекерова циста. Ова може да биде предизвикано од:



- воспаление на колениот зголб, како што се случува кај разни видови на артритис

- повреда на коленото, како што е кинење на лигаментите



Лекување



Многу пати не е потребно лекување за Бекерова циста, затоа што таа може да исчезне со тек на време. Но, ако цистата е многу голема и предизвикува болки, лекарот може да ги предложи следниве третмани:



- физикална терапија

- дренажа на флуидот (под водство на ЕХО се вади течноста од Бекеровата циста со игла)

- лекови (инјектирање на кортикостероиди во коленото)



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER