Блефаритис – воспаление на очните капаци | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Блефаритис – воспаление на очните капаци

Блефаритис е воспаление на очните капаци. Тој обично се јавува на делот на очните капаци каде што растат трепките.







Блефаритисот се јавува кога ситните лојни жлезди, лоцирани во близина на базата на трепките, не функционираат правилно. Ова води до воспаление, иритација и чешање на очните капаци. Неколку болести и состојби можат да предизвикаат блефаритис.



Симптоми



Знаците и симптомите на блефаритис вклучуваат:



- солзење на очите

- црвени очи

- чувство на печење во очите

- чешање на очните капаци

- црвени, отечени очни капаци

- лупење на кожата, во вид на првут, околу очите

- коричка на трепките по будење

- чувствителност на светлина

- губење на трепки



Причини



Болестите и состојбите кои предизвикуваат блефаритис вклучуваат:



- себороичен дерматитис – првут на скалпот и веѓите

- бактериска инфекција

- неправилно функционирање на лојните жлезди во очните капаци

- розацеа

- алергии



Компликации



- јачмен

- халазион

- прекумерно солзење

- хронично црвено око

- повреда на корнеата



Лекување



Третманот на блефаритис вклучува:



- редовно чистење на афектирана регија

- антибиотици

- стероидни капки или масти за очи

- вештачки солзи

- лекување на основната состојба



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER