Болести кои можете да ги излекувате со храна | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Болести кои можете да ги излекувате со храна

 

Некои болести со кои често се среќаваме нема потреба да ги лекуваме со лекови, едноставно е потребно само малку знаење во комбинирањето на храната и болеста за кратко време ќе исчезне. Еве за што станува збор.

 

Висока температура – овошен јогурт

 

Покачена темперетура - Вашиот организам се подготвува за борба против инфекција. Помогнете му, правилно! Одлично решение за ова е овошниот јогурт кој го забрзува метаболизмот, ја обновува енергијата и ја намалува температурата. Секогаш кога ќе забележите покачена температура, помогнете му на Вашето тело со вкусен овошен јогурт.

 

Габична инфекција – јогурт

 

Ова е делумно лек, делумно превентива. Луѓето кои редовно користат јогурт имаат за 75 % помал ризик од габични инфекции. Доколку веќе патите од некоја габична инфекција, користете редовно јогурт. Тој со своите “добри” бактерии секогаш ќе ви биде од корист.

 

Инфекција на мочен меур – сок од брусница

 

Само две чаши дневно сок од брусница ќе го спречат размножувањето на бактериите во мочниот меур, особено на  бактеријата ешерихија коли која е најчест причинител на инфекција на мочниот меур.

 

ПМС – сирење

 

Сирењето е продукт кој изобилува со калциум. Според истражувањата кои ги направиле истражувачите, храната богата со калциум е одличен ублажувач на симптомите на пред-менструалниот циклус.

 

Настинка – супа

 

Да, ова е многу познат лек кој едноставно делува. Одлична е за белодробни воспаленија, рехидрација при темперетура, ринитис и сите симптоми на настинка.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER