Болки во грлото, обична настинка или стрептокок? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ИНФЕКТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Болки во грлото, обична настинка или стрептокок?

 

Чувствувате печење во грлото, горење и суво кашлање, чести болки и нелагодност. Се прашувате дали се работи за обична настинка или зад симптомите стои бактериска инфекција. Обичната настинка ќе помине лесно сама од себе, но стрептококот бара антибиотска терапија. Дали имате стрептокок или обична настинка може лесно да се утврди со земање на брис и микробиолошки преглед, но може да има и други знаци кои можете да ги препознаете. На стрептокок треба да се сомневате доколку:

 

 

Имате необични дамки на јазикот и крајниците

 

Необичните дамки на јазикот и крајниците јасно укажуваат на бактериска инфекција. Крајниците обично се многу болни, особено на голтање.

 

Имате висока температура

 

Високата температура е знак на бактериска инфекција иако во некои случаи бактериите може да се присутни и доколку нема температура. Како и да е, температура повисока од 38 степени е речиси сигурен знак за бактериска инфекција.

 

Имате потечени лимфни јазли на вратот

 

Стрептококот често дава потечени лимфни јазли на вратот поради зголемениот број лимфоцити кои се продуцираат во борбата со бактеријата. Потечените јазли на вратот се сигурен доказ дека се работи за бактериска инфекција.

 

Доколку болките во грлото не престануваат подолго време, тоа е сигурен знак дека треба да посетите лекар. Бактериите од грлото лесно се изолираат во микробиолошка лабораторија и доколку ги забележите овие симптоми побарајте од вашиот лекар да земе брис од грло и да се утврди евентуално присутство на стрептокок, што би било индикација за правилна антибиотска терапија.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER