Ботулизам | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Ботулизам

Ботулизмот е акутно инфективно неконтактно заболување, односно неуроинтоксикација предизвикана од ботулинскиот бацил.



Етиологија


Klostridium Botulinum е грам позитивен бацил, кој што е подвижен и со мали ресички. Се размножува во анаеробни услови (без кислород), лачи егзотоксин кој е најсилен од сите клинички токсини. Klostridium Botulinum во надворешната средина создава спори кои што остануваат подолго време. Постојат пет видови на ботулински бацил и тоа: А, Б, Ц, Д и Е.



Ботулинскиот бацил и неговиот егзотоксин се термолабилни и ги уништува температура од 80 степени целзиусови. Меѓутоа, спорите умираат при еден час дејство на температура од 120 степени целзиусови. Klostridium се наоѓа во цревата на човекот, животните, рибите (свежи, пушени, конзервирани). Спорите се наоѓаат во земја, зеленчук и слично.



Епидемиологија



Ботулизмот се јавува скоро во сите земји а, најмногу таму каде што има лошо приготвена или конзервирана храна. Болеста се пренесува преку сувомеснати производи (конзерви од риба) кои се контаминирани со бацилот при нивната обработка. Лошата подготовка на истите дава идеални услови за развој на ботулинскиот бацил и за лачење на егзотоксинот.



Патогенеза



Внесениот бацил заедно со егзотоксинот преку храната лесно ја поминува желудечната бариера и истиот лесно се ресорбира во цревата и навлегува во крвотокот. Бидејќи егзотоксинот е неуротропен, се врзува за нарвните завршетоци во моторните плочи. Токсинот има предиспозиција да се врзува во мозочното ткиво, предизвикувајќи парези, парализи, односно клиничка слика на полиоенцефалитис. Истовремено, токсинот делува и на парасимпатикус, при што дава класични симптоми на намалено лачење на плунка, солзи и пот, запек, застој на урина и следствено на тоа и брадикардија (забавена работа на срцето).



Клиничка слика



Инкубацијата на ботулизмот е многу брза и обично трае од 6 до 36 часови. Во некои случаи може да биде и побрза и поспора. Почетокот на болеста за разлика од другите труења со храна не мора да дава знаци на гастроинтестинални тегоби. Во почетокот, заболениот може да почувствува главоболки и малаксаност, ретко да повраќа, нелагодност во желудникот што може да наведе на некакво труење со храна. Во клиничката слика, доминираат реакции на моторните нерви и парасимпатикус, па следствено на тоа се јавуваат:



А) Очни симптоми при што заболениот се жали дека двојно гледа, има спуштени очни капаци и пореметена акомодација на очите.



Б) Букофарингеални симптоми при што заболениот чувствува жед, сува уста, тешко голта и има тивок говор.



В) Лезија на парасимпатикус при што се јавува намалено лачење на плунка, запек и застој на урината.



Кај ботулизмот, заболениот е афебрилен (нема температура), смртта настанува во првите два до четири дена ако болеста не се лекува и тоа поради респираторна инсуфициенција или колапс.



Лекување



Задолжителна е болничка хоспитализација, дури и кај најлесните случаи. Во терапијата се вклучува поливалентен антиботулински серум кој треба да се даде колку што е можно побрзо во дози од 60-80 ццм. Се дава инфузиона терапија за рехидратација на организмот, клизма и катетеризација на мочниот меур по потреба. Се даваат и други лекови за заштита на виталните функции. Пожелно е да се дава пилокарпин, поради намалена секреција на плунка.



Поради проблемите со дишењето, болниот треба да завземе посебна положба каде што дишењето ќе се олесни или пак се става на респираторна машина.



Заштита



При земањето на конзервирана храна, истата треба да се провери дали конзервата е подуена и истата не треба да се употребува. Доколку се дојде во допир со храна која што има горчлив вкус, истата треба да се елиминира.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER