Бругада синдром | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Бругада синдром

Бругада синдром е потенцијално загрозувачко по живот нарушување на срцевиот ритам. Тоа се карактеризира со специфично абнормално срцебиење, наречено знак на Бругада, кој е откриен со помош на електрокардиограмски тест. Бругада синдромот често е наследна состојба. Многу луѓе кои го имаат овој синдром, немаат никакви смптоми и не се свесни за нивната состојба. Бругада синдромот е многу почест состојба кај мажите отколку кај жените.







Симптоми



Најважниот знак или симптом на Бругада синдромот е абнормален електрокардиограмски наод (ЕКГ), наречен Бругада знак. Лицето неможе да го почувствува овој знак, тој се гледа само на ЕКГ.



Знаците и симптомите на Бругада синдромот вклучуваат:



- несвестица (синкопа)

- нерегуларно срцебиење или палпитации

- престанок на чукање на срцето (срцев арест)



Причини



Бругада синдромот е пореметување во ритамот на срцебиењето. Секое отчукување е тригерирано од електрични импулси, генерирани од специјални клетки во десната преткомора на срцето. Ситните пори, наречени канали, на секоја од овие клетки, ја пренесуваат електричната активност, што прави срцето да отчукува. Кај Бругада синдромот, дефектот на овие канали го предизвикува абнормалното отчукување на срцето.



Дијагноза



Покрај типичниот физикален преглед и слушање на срцето со стетоскоп, тестовите за дијагноза на Бругара синдром вклучуваат:



- Електрокардиограм (ЕКГ). Во овој неинвазивен тест, техничарот ги нанесува електродите на градниот кош за да се снимат електричните импулси кои го создаваат отчукувањето на срцето.



- Електрофизиолошки тест (ЕП тест). Во овој инвазивен тест, се внесува катетер преку вена во препоните до срцето, слично како кај срцевата катетеризација. Потоа, се внесуваат електроди низ катетерот до различни точки во срцето. Електродите потоа ги мапираат ирегуларните срцеви отчукувања.



Лекување



Поради природата на абнормалноста во срцевиот ритам, лековите обично не се користат во третманот на Бругада синдром. Место нив, се користи еден специјален уред, наречен имплантибилен кардиовертер-фибрилатор. Овој уред се препорачува на луѓе со висок ризик од ненадејна срцева смрт или други компликации на Бругада синдромот.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER