Бурзитис (Bursitis) – една од причините за болка во зглобовите | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Бурзитис (Bursitis) – една од причините за болка во зглобовите

Автор:



Д-р Наталија Хаџи-Петрушева




Бурзитисот претставува воспаление на бурзите – мали оддели кои се исполнети со течност, и се лоцирани во близина на зглобовите и коскените испакнувања (проминенции) насекаде во телото.



Бурзите делуваат како амортизери помеѓу мускулите, тетивите и коските. Тие продуцират либрификантна течност за да ги минимизира триењата помеѓу овие партии, и на тој начин ги овозможува движењата.



Иритацијата, инфекцијата или повредите може да предизвикаат воспаление на бурзите, што резултира со болен бурзитис. Рамената, лактите, колковите, стапалата и базата на ножниот палец се најчесто зафатени со бурзитис. Бурзитот е толку чест што популарно се нарекува со разно-разни имиња (студентски лакт, слугинско колено, компјутерска рака). Бурзитот не е сериозно воспаление и обично поминува сам по себе за 2-3 недели, но сепак има тенденција за повторно појавување.





Кои се симптомите на бурзитисот?



Бурзитисот се карактеризира со разни симптоми, вклучувајќи:




  • Болка и оток околу зглобот




  • Ограничени и болни движења на зафатениот зглоб




  • Болка која се шири во вратот или рацете




  • Треска (кога е поврзан со инфекција)





Кои се причините за појава на бурзитис?




  • Активности кои делуваат како конзтантен притисок врз бурзата (како одмарање на лактот врз работната маса или стоење на коелна).
  • Повторени и груби движења на зглобот


Повреда на бурзата
Инфламаторен артритис, и одредени инфективни заболувања


  • Калциумови депозити, или дегенерација на соседната тетива е понекогаш асоцирано со бурзитис.





Превенција од појава на бурзитис




  • Носете протективи додека спортувате.




  • Избегнувајте повторени и груби активности на зглобовите, доколку тоа е возможно.




  • Доколку мора да работите во клекната позиција, користете заштитници за колената, или менувајте ја често позицијата/правете чести паузи.




  • За да превенирате бурзитис на стапалата носете високипотпетици само кога морате.





Дијагноза



Се поставува врз основа на историјата на пациентот

Рентгенско зрачење на зафатениот зглоб, за да се исклучат други пореметувања



Како се лекува бурзитисот




  • Одмарајте или избегнувајте притисок на зафатениот зглоб. Вашиот доктор може да Ви препорача стегачи и имобилизатори за да не го движите зглобот извесен период.




  • Земете нестериодни антиинфламаторни лекови за да се ослободите од болката и отокот.




  • Користете мраз во првите 48 часа за да го намалите и отокот и болката. Потоа аплицирајте топли облоги за да го стимулирате протокот на крв.




  • За да се намали отокот може да биде потребна евакуација течноста од бурсата со пунктирање.




  • Вашиот доктор може да аплицира лекови или коритикостероидни инјекции/анестетици за да ја намали болката, и да го редуцира воспалението.




  • Може да биде потребен оперативен зафат (бурсектомиа) – отстранување на бурсата кај тешки бурзитиси и кај хронични случаи.





Кога да се консултирате со лекар?



Доколку отокот и болката опстануваат повеќе од две недели, потребна е консултација со лекар за да се утврди третманот.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER