Вагинопластика (вагинално подмладување) Внимание! Експлицитни слики! | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Вагинопластика (вагинално подмладување) Внимание! Експлицитни слики!

Автори:



- Проф. Д-р Ѓорѓе Џокиќ, специјалист по Пластична, Естетска и Реконструктивна хирургија

(Универзитетска клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија – Скопје)

- Д-р Елена Јовановска, специјализант по Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување





Естетската вагинална хирургија има за цел да ги затегне олабавените мускули и ткива, како и да го отстрани вишокот на вагинална кожа и да го намали дијаметарот на вагината резултирајќи со помал и потесен отвор на вагиналниот канал. Стеснувањето се прави по целата должина на вагината и не е сконцентрирано само на првите неколку сантиметри од устието.



Оваа процедура може да се направи во хируршките центри под целосна или спинална (регионална) анестезија или под локална анестезија со употреба на седација.



За оваа цел се користат радиофреквентни ласерски направи кој оставааат минимални трауматски инцизии. Методата е далеку помалку деструктивна и обично се потребни околу 60 минути за самиот оперативен зафат. Многу жени ја користат оваа процедура за подобрување на секуалната гратификација, но и како козметичка процедура.





Историја на пациент:



На подолните слики е покажана успешна преконструктивна хирургија на жена во своите 50-ти години. Таа во неколку наврати страдала од трауматски пораѓања со лацерации и широки епизиотомии, истовремено манифестирала симптоми на инконтиненција (неможност за задршка на урината), чувство на преполнетост и притисок во карлицата, како и константна опстипација (затвор).



Перисталктиката (движењето) на цревата и давале чувство и видлива слика на булбус кој бил далеку непријатен, и кој побарувал притисок преку вагината за да се комплетира испразнувањето на цревата.



Најголемата причина за одлуката за естетски и реконструктивен зафат било недостатокот на сензација при сексуалниот чин.



Студите и испитувањата на мочното бабуле покажале дека таа страда и од стрес инконтиненција.





Сето ова е причина да се јави за пелвична и вагинална реконструкција.







Направени
процедури: Вагинопластика, Затегнување на Трансобтураторниот мускул, Репарација на цистоцела, репарација на Ректоцела, суспензија на Вагиналниот свод, Лабиопластика, и редукција долгиот клиторис.









Преглед: Пациентката продолжува со нормален и активен животен стил и на професионално и на персонално ниво. Таа била во можност да овозможи задоволителна интимна врска со својот партнер и поголемо задоволство за време на сексуалниот чин.







Историја на пациент II:



Млада жена во средината на своите 30-ти со неколку повеќекратни нормални вагинални породувања.



Таа страдала од растегнување на вагината, перинеумот и малите усни, со истовремено значителен губиток на телесната тежина после повеќе медицински и хируршки процедури за отстранување на вишокот на кожа. Асиметричното појавување на целокупната вулварна и вагинална зона не биле задоволителни за нејзините очи, а нејзините сексуални односи постанувале се помалку задоволителни.



Направени процедури:
вагинопластика, перинеопластика, лабиопластика.





Преглед: Враќањето на нормалните животни активности биле после два месеца од рековалесценцијата. Таа била во можност после оперативниот зафат да продолжи со задоволителни сексуални односи со нејзиниот партнер. Посебна прачка за инконтиненција е пласирана неколку месеци подоцна за да се корегира евентуалната инконтиненција од која би страдала поради овие активности.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER