Варикозни вени | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Варикозни вени

Автор:

Д-р Елена Јовановска

Специјализант по Анестезиологија и Интензивно лекување





Варикозни вени се абнормални извијугани змијулести поширувања на површинските вени на нозете.




  • Варикозните вени може да бидат болни или да предизвикуваат јадеж или чувство на замор во нозете.
  • Лекарите може да ги детектираат варикозните вени со надворешна инспекција на кожата
  • Оперативниот зафат или инјекционата терапија може да се искористи во одстранувањето на варикозните вени, но и покрај тоа често се формираат нови проширувања (варикозитети).






Точната причина на варикозитетите не е позната, но главен проблем веројатно е слабоста на ѕидот на површните (суперфициелните) вени. Слабоста на ѕидот на вените може да биде наследна. Со тек на време, слабоста предизвикува и губиток на еластичноста. Вените т.е венските ѕидови се истегнуваат и стануваат со поширок лумен. Со цел да се прилагодат во истиот простор кои го окупираат тие стануваат извијугани. Може да се манифестираат во вид на змијолики испакнувања на површината на кожата. Варикозните вени често се развиваат за време на бременоста и се повлекуваат за кратко време после раѓањето.



Многу поважен процес од елонгацијата (издолжувањето) е проширувањето на луменот на вената, што предизвикува валвулите да се оддалечат една од друга.

Кога лицето стои исправено, крвта се турка надолу поради гравидитетот и не се враќа назад, бидејќи валвуларните залистоци се сепарирани. Ова е причина вените да се прошират уште повеќе. Некои од конектирачките вени кои овозможуваат крвта да тече само од површинските кон длабоките вени исто така се прошируваат. Доколку се прошират, нивните валвуларни залистоци исто така се оддалечуваат. Како последица на ова, крвта се враќа назад во површинските вени кога мускулите ги притискаат длабоките вени, предизвикувајќи површинските вени да се прошируваат и понатаму.



Многу лица со или без варикозни вени може да имаат спајдер вени (проширени капилари во вид на мрежа од пајак). Спајдер вените може да бидат предизвикани од притисокот на крвта во варикозните вени, но исто така може да се предизвикани и од хормонални фактори кои се сеуште непознати. Хормоналната причина би објаснила зашто спајдер вените често се појавуваат кај жените, особено за време на бременоста.



Симптоми и Компликации



Покрај естетскиот изглед, варикозните вени често предизикуваат чувство на болка, чешање и замор во нозете. Но повеќето лица со варикозитети немаат никакви проблеми, освен естетски. На подисталниот дел на ногата и зглобот може да се добие интензивно чувство на јадеж особено ако индивидуата носела чорапи, или пак ногата е затоплена. Чешањето може да резултира со гребнатинки, црвенило или раш, што особено некоректно се дијагностицира како сува кожа.



Само мал процент од лицата со варикозитети имаат компликации, како дерматитис, воспаление на вените (флебитис) или крварење. Дерматитисот се манифестира во вид на црвена или кафена зона, обично на внатрешноста на ногата или скочниот зглоб.



Гребнатинките или монорните повреди особено од бричењето, може да предизвикаат крварење или развивање на болни улцери кои не заздравуваат. Улцерите исто така може да крварат. Флебитисот пак од своја страна може да се појави спонтано или да резултира од повредата. Иако, обично болен, флебитисот кој се појавува кај варикозните вени е ретко опасен.



Дијагноза



Варикозните вени може да се детектираат со инспекција, на тој начин што го нарушуваат релјефот на кожата, но симптомите може да се развијат и пред вените да постанат видливи.



Рентгенско зрачење или ултрасонографија може да се направи за да се види функцијата на длабоките вени, пред да се пристапи кон операција.Обично овие процедури се неопходни доколку малфункцијата на длабоките вени е диктирана од промените на кожата или од отечените зглобови. Зглобовите отекуваат бидејќи во поткожното ткиво се акумулира течноста – едем. Варикозните вени сами по себе не предизвикуваат едем.



Третман



Иако индивидуалните варикозни вени може да бидат одстранети со оперативен зафат или со инјекциона терапија, пореметувањето неможе да се излекува. Третманот обично ги олеснува симптомите и ги превенира компликациите. Елевирањето на нозете – со лежење во хоризонтала со подигнати нозе или седење со исправени нозе потпрени на столче, ги олеснува симптомите на варикозитетите но не го превенира новото појавување на варикозни вени.



Варикозитетите кои се појавуваат за време на бременоста обично се повлекуваат за 2 – 3 недели после раѓањето. За време на овој период не треба да се третираат ваквите варикозитети.



Еластичните чорапи се користат со цел превенција од истегнување и повредување. Лицата кои не се сложуваат на оперативен зафат или инјекциона терапија или кои имаат медицинска состојба која не го дозволува овој медицински третман, може да одберат да користат еластични чорапи.



Оперативен зафат: Оперативиот зафат има за цел да одстрани што е можно повеќе вени. Обично хирурзите се обидуваат да ја презервираат вена сафена бидејќи може да се искористи како бај пас графт во случај на коронарна артериска или периферна артериска болест, доколку некогаш се развијат. Оваа вена е најдолгата површна вена во телото, која се протега од скочниот зглоб до препонот, каде се спојува со феморалната вена (главна длабока вена во ногата).






Доколку вена сафена мора да се одстрани, се прави процедура наречена стрипинг на вена сафена. Хирургот прави две инцизии, една во предел на препоните, а една во пределот на зглобот и ја отвора вената на секој крај. Потоа низ целата вена се внесува флексибилна жица која се влече кон надвор со цел да се одстрани вената.



За да се одстранат останатите варикозни вени, хирургот прави инцизии во останатите регии. Бидејќи површинските вени играат помалку сигнификантна улога отколку длабоките вени кои ја враќаат крвта во срцето, нивното одстранување не ја пореметува циркулацијата доколку длабоките вени функционираат нормално.



Одстранувањето на варикозните вени е процедура која обично се изведува во општа анестезија. Оваа процедура ги ослободува симптомите и превенира компликации, но остава лузни. Колку поекстензивна е оваа процедура, толку е подолго времето до новото развивање на нови варикозитети. Како и да е, одстранувањето на варикозните вени не ја елиминира тенденцијата за развој на нови варикозитети.


Инјекциона терапија (Склеротерапија): како алтернатива на оперативниот зафат е склеротерапијата, која ги склерозира вените, па крвта веќе неможе да се враќа низ нив. Посебен раствор се инјектира во вените и предизвикува создавање на крвни угрушци. Во суштина, оваа процедура предизвикива безначаен тромбофлебитис. Заздравувањето на тромбусите предизвикува создавање на скарификационо ткиво кое ја блокира вената. Како и да е, тромбите може да се растворат наместо да постанат фиброзно ткиво и варикозитетите повторно да се отворат.



Моменталните техники вклучуваат специјални бандажи кои ја редуцираат големината на тромбусот со компресија на дијаметарот на инјектираната вена. Многу е поверојатно помали тромби да се формираат во лузнестото ткиво. Понатамошни бенефити од оваа техника е компресијата која виртуелно ја елиминира болката асоцирана со суперфициелниот (површинскиот)

флебитис.



Иако инјекционата склеротерапија одзема многу повеќе време од оперативниот зафат, има неколку корисни моменти: не побарува анестезија, новите варикозни вени може да се третираат како што се развиваат, а луѓето може да продолжат со нормалните дневни активности помеѓу третманите. Сепак, и покрај моменталните техники, некои лекари ја земаат во предвид инјекционата терапија само кога варикозните вени се повратуваат после оперативен зафат или пак кога лицето побарува козметичко корегирање.



Спајдер вените исто така може да бидат третирани со склеротерапија, доколку даваат чувство на печење и чешање или доколку индивидуата сака да ги одстрани поради естетски причини.



Ласерска терапија: Ласер терапијата се користи експериментално од некои хирурзи за третман на варикозитетите. Оваа терапија користи високо фокусирана, континуирано насочена светлина со висок интензитет за да се исече или уништи ткивото. Но корисноста од оваа терапија сеуште не е одредена. Оваа терапија е слична на ласерската терапија со таа разлика што светлото се аплицира во кратки интервли.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER