Варичела (Овчи сипаници) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Варичела (Овчи сипаници)





Дефиниција



Варичелата е акутно инфективно заболување кое е карактеристично за детската возраст. Станува збор всушност за благо заболување со висок индекс на контагиозност од околу 70%.



Етиологија, епидемиологија и патогенеза




Предизвикувач на болеста е варичела-зостер вирусот кој спаѓа во групата на херпес вирусите и кој дава две клинички манифестации, варичела и херпес зостер.

Вирусот е дермотропен, ретко невротропен. Може да се најде во грлото, крвта и везикулите.



Најчесто заболуваат децата до 10-тата година од животот. Може да заболат и доенчињата до 3-тиот месец поради тоа што трансплацентарниот имунитет е помалку сигурен.



Доколку болеста се јави до 15-тиот ден од животот на доенчето се работи за варичела.

Варичелата се појавува во вид на епидемии, поретко спорадично. Таа е капкова инфекција која се пренесува преку Флигеовите капки (преку зборување, кивање, кашлање). Почеста е во текот на зимата и раната пролет.



Извор е болен од варичела и од херпес зостер.



Херпес зостер е всушност клиничка варијанта на варичелозната инфекција.

После прележаната болест вирусите може да останат скриени во нервните корени долги години и да се реактивираат под влијание на разни фактори кои го ослабуваат имунитетот.



Реактивацијата на вирусот во подоцнежните години, после прележаната варичела, резултира со појава на херпес зостес (рецидив на варичелата).



Клиничка слика




Најчесто се работи за благо заболување, кое трае 2-3 недели без да остави компликации. Временскиот период од инфекцијата до појавата на првите симптоми на болеста изнесува во просек 14-18 дена.



Болеста поминува во три стадиуми




- Катаралнен стадиум:



Трае 1-2 дена, и е проследен со општи симптоми (субфебрилна температура, малаксаност, слабост, главоболка.



- Исипниот стадиум:



Исипот се презентира во вид на макули, папули, везикули па се до крусти. Најкарактеристични за болеста се везикулите кои се овални и нежни во вид на капка роса, и се исполнети со бистра течност. Следниот ден везикулата спласнува и останува круста. Исипот избива во налети. Обично следат 2-3 налети, на тој начин се сретнуваат сите елементи на исипот, давајќи слика на "Ѕвездено небо".



- Рековалесцентен стадиум:



Трае околу недела дена, и детето брзо се опоравува од болеста.



Постојат и тешки клинички облици на варичела, така наречен малиген тип на варичела, која е доста ретка и се гледа претежно кај мали деца, доенчиња и кај имунокомпримирани индивидуи, и завршува со смрт за неколку дена.



Дијагноза



Дијагнозата многу лесно може да се постави врз основа на анамнезата, клиничката слика и епидемиолошката анкета (контакт со заболено дете)



Терапија




Бидејќи сеуште нема лек против вирусите, терапијата е симптоматска, и вклучува мирување во постела, изолација на болниот, пиење на доволна количина на течности, конзумација на храна богата со витамини.



Употреба на лекови кои ја намалуваат температурата и анелгетици секако доаѓаат во предвид.



Бањање во вода со раствор од хиперманган е препорачливо бидејќи ја дезинфикува кожата и го намалува јадежот.



Прогноза




Прогнозата кај пациентите со нормален имунитет е добра, ни кај имунокомпромитираните е потреба посебна внимателност поради можната појава од компликации (посебно енцефалитис и белодробни компликации).

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER