Вошки (Pediculosis capitis) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Вошки (Pediculosis capitis)

Причина за настанување



Предизвикувач на заболувањето е вошката Pediculus humanis capitis, која паразитира на косматиот дел на главата. Тоа е сива вошка, со големина од 2-3/1-1,3 мм, без крила. Женката секојдневно снесува 4-5 јајца (гниди) кои со помош на својата хитинска обвивка, цврсто се лепат за долниот дел на влакното. Од гнидите за 5 дена се развива ларва, а за три недели возрасна вошка. Возрасниот паразит е хематофаг (се храни со крв). Вошката може да се пренесе со директен контакт со болниот или индиректно со чешлање, шалови, капи, и сл.



Клиничка слика


Клиничките симптоми кај педикулозата настануваат десетина дена после инфестацијата како последица на каснувањето на вошката и сензибилизацијата на саливата и вбризганиот антикоагуланс. Болните имаат силно чувство на чешање.



Може да се забележат розеникави папули, уртики, екскоријации, знаци на секундарна инфекција со пиогени бактерии (стрептокок) и крусти (кои ги слепуваат влакната на косата). Пиодерматизираните промени може да постојат и на кожата на вратот, рамењата, грбот. Цервикалните (вратни лимфни јазли) може да бидат зголемени и болни.



Дијагноза



Се поставува врз основа на клиничкиот преглед, т.е. наодот на вошки и гниди.



Терапија



Терапијата се спороведува со помош на антипаразитни шампони кои добро се втријуваат во косата и се држат 4 минути а потоа косата добро се проплакнува со вода. Гнидите се одстрануваат со помош на чешлање со густи чешли, чии запци се натопени со раствор од оцетна кисленина. Процедурата на миење се повторува уште еднаш после 7 дена.



Периметрин кремата 1% се втријува во претходно измиената коса, а после 10 минути косата повторно се мие. Најчесто е доволна еднократна примена.

Може да се примени и малатион 0,5% во текот на 24 часа, со покривање на косата со газа после што косата добро се мие и се чешла со густ чешел.



Бидејќи педикулозата е најчесто фамилијарно заболување, потребно е детално да се прегледаат сите лица од околината на заболениот и истовремено да се лекуваат сите заболени, со цел да се спречат рецидиви и реинфекција. По завршетокот на лекувањето облеката треба да се испере или хемиски да се исчисти, а чешлите и четките да се држат во топла вода 10-20 минути.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER