Галактореа | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Галактореа

Галактореа преставува продукција на млеко во дојките надвор од периодот на лактација. Може да се појави и кај жените и кај мажите.



Причини за настанување



Најчеста причина за настанување на галактореата е пролактин секретирачкиот тумор (пролактиномот) на хипофизата. Исто така галактореата може да настане при користење на некои лекови (пентиазнини, метилдопа, опоиди), контрацептивни средства и кај хипотиреоза, тумори на јајниците и тестисите.



Клиничка слика


Некогаш единствениот симптом преставува продукцијата на млеко, но покрај тоа често може да се појават и неправилни менструации, изостанување на менструацијата и неплодност, сувост на вагината. Кај мажите хиперпролактинемијата ретко предизвикува галактореа и гинекомастија (зголемување на дојката). Кај 15% од мажите се јавуваат сексуални дисфункции, а можна е неплодност.







Дијагноза



Се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, објективниот наод, лабараториските анализи на нивоата на хормоните во крвта и рентгенографијата, КТ скен, МР (магнетна резонанца).



Терапија



Доколку причината е пролактином на хипофизата, лекувањето може да се спороведува со лекови или хируршки. Лек на избор е бромокриптин, агонист на допаминот. Бромокриптинот ја регулира хиперпролактинемијата кај скоро сите болни со микропролактин. Лекот понекогаш може да ја намали и големината на туморот, најмногу во текот на првите три месеци од лекувањето.



Ако терапијата се прекине, нивото на пролактинот може да ја намали и големината на туморот, најмногу во текот на првите три месеци од лекувањето. Ако терапијата се прекине, нивото на пролактинот повторно расте, меѓутоа повторниот раст на туморот може да се одложи со месеци или години. Бромокриптинот исто така е делотворен и кај некои макроаденоми. Ако во текот на терапијата, болната забремени, лекот престанува да се дава.



Хируршкиот зафат и зрачната терапија се дополнителни можности за лекување на овие тумори кои се применуваат ако симптомите не се повлекуваат после 1-3 месечно лекување со бромокриптин.



Омокриптин се дава кај трајни и тешки пореметувања и ако болните не го поднесуваат бромокриптинот. Микроаденомите имаат добра прогноза. Прогнозата на микроаденомите зависи од симптомите и одговорот на терапијата со лекови. Во останатите случаи често е доволна само терапија со бромокриптин.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER