Гастроезофагеална Рефлуксна Болест (ГЕРБ) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Гастроезофагеална Рефлуксна Болест (ГЕРБ)

Автор:

Д-р Љупчо Дамески

Специјализант по Интерна медицина





Претставува релативно честа и често недоволно препозната болест која означува враќање на желудочната содржина назад кон хранопроводникот – рефлукс.






Континуираната иритација со содржина на храна помешана со кисела течност предизвикува оштетување не само на ткивото на хранопроводникот (воспаление), туку и на гркланот (ларингитис, засипнатост, оштетување на гласни жици), бели дробови (симптоми на астма, долготрајна кашлица,повторувачки белодробни инфекции), со појава на градна болка (имитирање на Ангина пекторис), подригнување со враќање на содржина од несварена храна во грлото проследена без гадење, будење од сон со чувство на гушење, хроничен синузитис, забрзано расипување на забите и болки во вилиците.



Патолошкиот рефлукс (неприроден) често се јавува ноќе, со придружна горуштица (пироза), односно печење зад градната коска.Се јавува обично 2-3 пати неделно.



Градната болка поминува после земање на антациди (лекови кои ја намалуваат

излачената киселина во желудникот) и трае неколку минути до еден час.

Физиолошкиот (природен) рефлукс се јавува типично после оброк, трае кратко и е без симптоми.



Состојби кои го потпомагаат рефлуксот се најчесто прекумерна телесна тежина,

преполнет желудник, лежење по оброк, бременост, дигање на тешки предмети, емоционален стрес, некои лекови (диазепам, лекови за астма), конзумацијата на алкохол, никотин, кафе, чоколадо, пеперминт, млеко и млечни производи (исклучок e млеко со ниска масленост кое воедно и помага при болка), сок од домати, сок од ананас, портокал,брусница, лимон и грејпфрут, газирани пијалоци.



Честопати инфекцијата со бактеријата Хеликобактер пилори се обвинува за

појава на ГЕРБ, меѓутоа сеуште постојат епидемиолошки и клинички истражувања кои се во конфликт со оваа поврзаност. Имено, хеликобактер

ифекцијата во развиените земји се намалува, додека ГЕРБ сеуште е во пораст.



Дијагнозата се поставува со ендоскопски методи (езофагогастродуоденоскопија), односно снимање на хранопроводот, желудникот и дванаесетпалачното црево со помош на флексибилно црево со извор на светлина и камера. Процедурата се изведува на гладно со голтање на цревото и трае неколку минути.



Другите методи вклучуваат рентгенско снимање со помош на бариумова каша (недоволна метода за дијагностика).



Терапијата на ГЕРБ обично зависи од тежината на симптомите.



Благи симптоми - нема потреба од посебна терапија доколку се применат некои од следниве мерки - промена во прехрамбените навики, прекин со пушење (пушењето го потпомага рефлуксот, ја намалува количината на плунка во устата и грлото, која е потребна за намалување на киселоста на желудочната киселина), примена на антациди, спиење на повисока перница, избегнување на доцни оброци и носење на тесна облека, поттикнување на создавање на плунка со џвакање на гума за џвакање или тврда бонбона.



Терапијата на умерените и тешки облици на рефлукс се базира на примена на

лекови кои го намалуваат излачувањето на киселината.

Меѓу најефикасните и најчесто препишуваните лекови се инхибиторите на протонската пумпа во кои се вбројуваат пантопразол, омепразол, лансопразол, рабепразол, декслансопразол,есомепразол итн…

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER