Гинекомастија (Зголемени машки млечни жлезди) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Гинекомастија (Зголемени машки млечни жлезди)

Гинекомастијата е состојба при која постои зголемување на машките млечни жлезди. Не се работи за депозиција на масно ткиво туку за пролиферација на жлезденото ткиво кое води до зголемување на градите.



Зголемувањето на машките млечни жлезди може да се јави еднострано или обострано. Може исто така да биде поголемо на едната страна отколку на другата. Бидејќи зголемените гради може да предизвикаат психички проблеми, мошне загрижувачки момент е можноста за појава на карцином на вака зголемената жлезда. Во повеќето случаи оваа состојба не побарува третман. Доколку пак третманот е индициран тогаш решението е во третирање на примарната причина која ја предизвикала гинекомастијата.



Со оглед дека зголемувањето на машките гради се смета за абнормална ситуација, постојат неколку случаи каде таа ситуација може да се прифати како физиолошки феномен:




  • Транзиторна гинекомастија кај новороденчиња (поради хормоните кои поминале преку плацентарниот крвоток од мајката на детето)
  • Пубертетна гинекомастија
  • Гинекомастија кај постари адултни мажи





Околу 30-65% од мажите имаат некој прифатлив степен на гнекомастија. Околу 50-75% од момчињата може да покажат зголемување на градите за време на пубертетот. Ова секако е транзиторна појава, која перзистира неколку месеци.

Понекогаш има случаи каде депозицијата на масното ткиво може да биде причина за зголемување на градите. Оваа состојба е наречена липомастија или псевдогинекомастија. Овие две состојби може да се диференцираат со физикално испитување или пак со мамографија.



Причини за зголемени машки гради




  1. Абсолутен ексцес на естрогени хормони (поради тестикуларни или адренални тумори, или поради естрогената терапија која се дава при простатични карциноми)
  2. Абсолутен дефицит на андрогени хормони (Клинефелтеровиот синдром е пример за потполн недостаток на андрогени хормони)
  3. Кога има релативен ексцес на естрогени, и тоа при:




  1. Пубертетна гинекомастија
  2. Гинекомастија поради стареење
  3. Бубрежна дисфункција или поради хемодијализа
  4. Цироза на црн дроб
  5. Хипертироидизам
  6. Гинекомастија кај мажи со простатичен карцином
  7. Гинекомастија кај ХИВ позитивен маж
  8. Дијабетес
  9. Дрога





Лекови кои може да предизвикаат гинекомастија се:




  1. Естрогени
  2. Алкохол
  3. Хемотерапевтски средства
  4. Кетоконазол
  5. Спиринолактон
  6. Циметидин
  7. Изонијазид
  8. Дигоксин
  9. Ретровирална терапија кај ХИВ



Евалуација на зголемените машки млечни жлезди



Сите мажи кои имаат гинекомастија, не треба да се испитуваат. Како што е претходно споменато, може да станува збор за физиолошка состојба. Неонаталната гинекомастија и пубертетната гинекомастија се транзиорни појави (минливи) и имаат тенденција да се повлечат во наредните неколку месеци кога ќе се стабилизира нивото на хормоните. Испитување на зголемените машки млечни жлезди е индицирано кај следниве индивидуи:




  • Луѓе склони на гинекомастија
  • Луѓе кои претходно имале гинекомастија
  • Деца во пубертет со не-нормален брз развој
  • Луѓе со зголемени машки млечни жлезди





Евалуацијата вклучува детална историја, податоци за земање на некои лекови, анамнеза за развојот на секундарните полови карактеристики, и тестови за црнодробната фукнција.



Лабараториските тестови вклучуваат:




  • Испитувања на црнодробната функција
  • Серумскиот тестостерон
  • Андростендион
  • Естрадиол
  • Лутеинизирачки хормон
  • hCG (хорионски гонадотропин)
  • Функционални тестови за тироидеата
  • Генетски анализи





Терапија



Терапијата се состои од:




  • Лекови кои го блокираат естрогенскиот ефект – тамоксифен, ралоксифен и кломифен




  • Лекови кои го снижуваат нивото на продукција на естрогените – ароматични инхибитори како тестолактон и анастразол
  • Андрогена адимистрација за да го конфротира дејството на естрогените
  • Хируршка терапија – кај долго-перзистирачки случаи на гинекомастија се прави инцизија околу ареолата и се отстранува вишокот на жлездено ткиво.
  • Радијациона терапија не е често решение, но понекогаш е индицирана кај мажи со карцином на простатата и кај гинекомастија асоцирана со антиандрогена терапија.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER