Глаукомот поврзан и со други сериозни заболувања | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОФТАЛМОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Глаукомот поврзан и со други сериозни заболувања

Истражувачите од Тајван откриле дека луѓето кои имаат глауком (покачен интраокуларен притисок), мошне веројатно имаат и дополнителни сериозни здравствени проблеми.







Ова откритие било базирано на студијата во Тајван, што испитала 76 673 случаи на глауком со отворен агол, а резултатите биле споредени и со 230 019 случаи на ваков тип на глауком во целата земја, подредени според возраст, пол и други фактори.



Поголемиот број на испитаниците кои имале глауком, имале висок крвен притисок, односно хипертензија, а повеќе од 30% или имале дијабетес или високо ниво на масти во крвта. Како и да е, пациентите со глауком имаат за 3% зголемен ризик од овие заболувања, а тука спаѓаат и мозочен удар, болести на црниот дроб и улцер.



Точната причина за појавата на глауком сеуште не е разјаснета, но некои научници сметаат дека глаукомот е резултат на абнормалност во крвните садови и циркулацијата, кои не само што го снабдуваат со крв целото тело, туку и оние садови кои го исхрануваат оптичкиот нерв, очите и мозокот. Овие абнормалности може исто така да бидат поврзани и со други заболувања кои биле пронајдени кај пациентите со глауком.



Приближно 50% од случаите на глауком не се дијагностицирани и затоа се препорачуваат редовни прегледи на очите, за да се дијагностицира оваа болест што е можно порано.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER