Грип (Influenca) – Како да се заштитите во периодот што претстои! | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Грип (Influenca) – Како да се заштитите во периодот што претстои!

Автор:

Д-р Александар Ристески



Инфлуенцата или често нарекувана грип, е акутна, високо заразна инфекција на респираторниот систем која обично се појавува во доцната есен и зимскиот период.







Се појавува во вид на епидемиски размери и одеднаш зафаќа голем број на луѓе. Иако ги зафаќа сите старосни групи, највисоката инциденца е кај децата во училиштата. Потешки компликации може да се појават кај малите деца, постарите луѓе и имуносупримираните лица, како и кај оние со хронични болести.



Најчестата компликација на инфлуенцата е пневмонијата, која примарно е вирусна, а на која може да се надоврзе секундарна бактериска инфекција.



Грипот исто така може да предизвика миозитис (воспаление на мускулите), егзацербација на хроничната обструктивна белодробна болест, Рејов синдром, миокардитис и перикардитис, трансверзален миелитис (воспаление на миелинските обвивки на периферните нерви) и енцефалитис (воспаление на мозокот).



Симптоми



Најкарактеристичните симптоми се сува кашлица, болки во грлото, слабост, мускулни болки, главоболки, треска, чувство на студенило и воденест нос. Иако пациентот се чувствува доста болно, оваа болест ретко води до посериозни компликации, освен кај оние со зголемен ризик.



Третман


  • Одмор во кревет (мирување, намалена физичка активност)
  • Пиење на голема количина на течности (сокови, чај, супи)
  • Парацетамол за зголемената температура и Ибупрофен за олеснување на мускулните болки. Аспиринот треба да се избегнува кај деца!!!



Кога да се јавите на лекар


  • Доколку имате температура над 38,5 ˚C и таква се одржува во наредните три дена
  • Доколку искашлувате жолто-зелен мукус
  • Доколку после одреден период се чувствувате добро, па следи период на ненадејно влошување на симптомите



Превенција



Избегнување на колективни собири особено во периоди на епидемија, редовно миење на рацете и одржување на лична хигиена и јакнење на имуниот систем.



Имунизација се врши секоја година со вакцини. Секоја година СЗО создава нова вакцина против најчесто циркулирачкиот вирус. Лица кои е препорачливо да се вакцинираат се – мали деца, стари лица и лица со намален имунитет и хронични болести.



Не се препорачува вакцинација за време на епидемија!

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER