Дали андолот го намалува ризикот од рак на дебелото црево? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Дали андолот го намалува ризикот од рак на дебелото црево?

Секојдневното земање на андол (ацитилсалицилна киселина) го намалува ризикот од развој на полипи кои се прекурзори за развој на рак на дебелото црево.







Истражувањето го спровеле американските научници од Универзитетот во Вермонт, а резултатите од истражувањето ги потврдиле предпоставките на научниците дека андолот штити од појава на полипи, а со тоа и од рак на дебелото црево.



Резултатите покажале дека луѓето кои секојдневно земаат андол имаат за 28% помали шанси да заболат од рак на дебелото црево.



Истражувањето траело 3 години, а во него учествувале вкупно 2 700 испитаници. Резултатите од тригодишното истражување биле објавени во Journal of the National Cancer Institute, каде што биле изнесени точните бројки од истражувањето.



Според податоците од Светската Здравствена Организација (СЗО), поради рак на дебелото црево годишно умираат околу 639 000 луѓе. Лекувањето на оваа сериозна болест научниците ја гледаат во нејзиното рано дијагностицирање, односно во дијагностицирањето и отстранувањето на полипите кои се основа за појава на карцином на дебелото црево.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER