Дали боледувате од воспалителните болести на цревата? Еве што треба да направите | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Дали боледувате од воспалителните болести на цревата? Еве што треба да направите

Воспалителна болест на цревата е термин кој се користи за да се означат состојби кој го вклучуваат имуниот систем и воспалениот гастроинтестинален тракт, според Центарот за Контрола и Превенција на болестите. Потојат два главни типа на воспалителни болести на цревата – Хронова болест, и улцеративен колитис. Двете состојби го вклучуваат имуниот систем кој по грешка ги напаѓа цревата односно соспствените клетки. Симптомите може да се подобрат со одредени начини на исхрана и лекување.



Антибиотици



Инфламаторните болести на цревата може да се подобрат со употреба на антибиотици. Антибиотиците се корисни во намалувањето на концентрацијата на патогените бактерии во цревата. Третманот со антибиотици е од значителна корист во лекувањето на Хроновата болест.



Антидијароична терапија



Проливот или дијареата е најчеста последица на инфалматорните болести на црвата, забележува Националниот институт за Дигестивни болести – Клирингхаус. Како таков, антидијароичниот третман може да се користи во лекувањето на воспалителните болести на цревата. Суплементи кои содржат целулозни влакна исто така може да се користат.



Внес на храна и соодветна хидрација



Воспалителните болести на цревата може исто така да побаруваат модификации во исхраната и внесот на течностите. Пиењето на оптимални количини на вода и одржувањето на соодветна хидрација е од витално значење. Како и да е, користењето на балансирани диети кои не содржат многу маснотии е исто така од есенцијално значење. Јадењето на мали порции на храна почесто во денот е попрепорачливо од јадење на поголема количина на храна еднаш дневно.



Лекови за супресија на имуниот систем



Овие лекови често се користат за регулирање на инфламаторната болест на цревата. Употребата на вакви лекови не само што ќе го намали степенот на инфламација, туку и ќе го намали степенот на оштетување кое е предизвикано од имуниот одговор.



Лаксативи



Воспалителните болести на цревата можат да бидат лекувани и со лаксативи. Ова често се практикува кога воспалението е предизвикано од запек. Меѓутоа употребата на овие лекови треба да биде внимателна.



Никотински налепници



Никотинските налепници можат да се користат за лекување на улцеративен колит. Меѓутоа, никотинските налепници овозможуваат само привремено олеснување на тегобите, и не се сегокаш универзално ефективни.



Операција



Понекогаш е неопходно да се изведе операција за да се одстрани или да се поправи оштетениот дел од цревото.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER