Дали иднината ни е бисексуална? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЉУБОВ И СЕКС

Дали иднината ни е бисексуална?

 

Пред извесно време на една американска радио станица, се јави една девојка која зборуваше дека без проблем би се впуштила во секс во тројка со друга девојка и нејзиниот дечко, ако нормално момчето го посака тоа. Слободниот дух на девојката беше откриен пред илјадници непознати слушатели што потсетува на една студија направена од страна на CDC дека се зголемува бројот на девојки кои имале хомосексуално искуство.

Импликацијата е дека бисексуалноста можеби ја губи стигмата која сеуште е јако присутна кај машката хомосексуалност. Ако ги погледнеме популарните медиуми, денес има многу повеќе бисексуални карактеристики отколку пред неколку декади. Во таа смисла се јавија и филмовите кои го скршија мразот, како Основен Инстинк каде е прикажан портретот на богата жена која се впушта во бисексуални дејствија.

 

Сметајќи на тоа дека во 1973 хомосексуалноста беше отстранета од листата на ментални растројства при Американската Психијатриска Асоцијација, не е чудо што стигмата за хомосексуалноста која природно ја фаворизира бисексуалноста е сеуште длабоко вкоренета во Западната култура.

 

Всушност тој потег почна да ги прифаќа хомосексуалните врски, овозможувајќи истополови бракови и посвојување на деца од истите, но ја смени и нашата перцепција ја бисексуалноста. Впрочем, ако нашата перцепција не се мануваше пополека, тие промени никогаш немаше да се прифатат. Денес, истополовиот брак е дозволен во Аргентина, Велика Британија, во Шведска и делови од САД.

 

Геј маж, геј жена: не е исто?

 

Се чини дека им е полесно на луѓето генерално да ја прифатат идејата за женската хомосексуалност отколку за машката хомосексуалност. Еротската содржина низ медиумите ја форсира идејата дека лезбејството е “жешко”, а престапот се пецепира како многу помал во однос на машката хомосексуалност.  Обратната страна е дека голем дел од жените би се впуштиле во хомосексуални игри само за да ги задоволат своите машки партнери но ова не значи дека се прифаќа бисексуалноста или хомосексуалноста како модел на однесување.

 

Следствено, бисексуалните жени се следени од помала стигматизација од бисексуалните мажи. Овие двојни стандарди се мерени и премерувани многу пати. Психолошките студии кои ја мереле возбудата кај мажите кои тврдат дека се бисексуалци, всушност покажале дека се возбудуваат само на мажи. На себепрогласените бисексуалци им биле покажувани еротски слики од мажи и жени и на крајот се добил заклучок дека бисексуалците биле возбудени само од мажи. Заклучокот на ова е дека типот на машка бисексуалност всушност не постои.

 

Потрага по идентитет

 

Вуди Ален ја дефинираше бисексуалноста на комичен начин велејќи дека се дуплираат шансите да си најдеш партнер кога излегуваш во сабота навечер. Но, по се изгледа не е така лесно за бисексуалците. Бисексуалниот идентитет е тежок за пронаоѓање бидејќи е локализиран во сивата зона каде каде бисексуалноста е потешка за дефинирање од хомосексуалноста.

Еден анонимен бисексуалец од Универзитетот во Минесота кажа “Тоа е тешко прашање. За многу луѓе, бисексуалец е некој што не е доволно геј во геј заедницата, или е доволно геј за да биде исклучен од хетеросексуалната заедница”

 

Бисексуалните индивидуи се соочуваат со проблем на идентитетот. Како што се борат да се дефинираат со нивната сексуална ориентација, така мораат да се борат и со фактот дека повеќето луѓе не го сфаќаат концептот на бисексуалност, со нивните заклучоци дека или си геј или стрејт или  лажеш, со што не се остава место за бисексуалниот идентитет.

 

Иднината

 

Номинираниот научник за Нобелова Награда Др. Умберто Веронези излезе со контраверзно тврдење пред  неколку години дека човештвото се движи кон бисексуална иднина. Познатиот онколог не бараше само да дигне прашина. Тој имаше да каже некои непобитни факти дека виталноста на машките репродуктивни клетки се намалила за 50% од времето на Втората Светска Војна.

 

Врз оснава на доказите за дисоцијацијата помеѓу сексуалноста и репродукцијата, бескрајните можности за вештачко оплодување и фактот дека мажите и жените продуцираат се помалку и помалку хормони, Др. Умберто предвидува дека сексуалната интеракција ќе ја изгуби репродуктивната функција, а бисексуалноста ќе стане повеќе норма отколку исклучок.

 

Веронези смета дека бисексуалната иднина ќе биде позитивен развој на хуманата еволуција. Од друга страна пак некои новели шпекулираат за иднина без секс или за состојба на контролирана репродукција за време од половина век. Двете теории се темалат на тоа дека во иднина состојбата на репродукција врз основа на секс ќе биде искоренета.

 

Сепак, бисексуалноста продолжува да ја губи стигмата иако сеуште ја поткопува Западната култура, но со тек на време ќе стане многу почест избор како што ќе се креваат бариерите на социјалните пранги и концептот на фамилија и брак ќе продолжи да се развива покрај новостите на сегашната сексуална разновидност во светот.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER