Дали и колку е штетен скенерот? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Дали и колку е штетен скенерот?

За бенефитите на скенерот постојат доста расправии во повеќето земји. Некои групи го покренале прашањето на приватноста. Но многу луѓе веруваат дека овие уреди претставуваат ризик по здравјето.



Скенерите, всушност испуштаат мала доза на радијација, што во текот на времето според некои научници може да предизвика рак.



Соединетите Американски Држави заедно со Британија, Данска, Франција и Италија, објавиле план за поставување на скенерите за цело тело на аеродромите.



Покрај загриженоста за приватноста, се е поголема расправата за можниот ризик за добивање на рак поради зрачење со скенерите.



Меѓутоа судејќи според мислењето на стручњаците, ризикот е премногу мал. Зрачењето со технологија на таканаречените повратни сигнали е 2000 пати помало од рентгенското снимање на белите дробови и 200.000 пати помало од KT скенерот.



Вкупното време на изложеност е околу 8-15 секунди, а нивото на радијација е многу мало затоа што зрачењето кое се користи не поминува низ телото. Тоа е многу мала доза која се одбива назад и потоа зрачењето од телото всушност се детектира и се добива слика.



Поедини истражувачи наведуваат дека за многу африкански земји кои се сиромашни е многу тешко да ги купат и инсталираат овие скапи машини. Дури и доколку богатите земји ги подаруваат овие скенери и понатаму би било дискутабилно прашањето за здравјето. Ризикот за изложување на зрачење би можело да биде поголемо во земјите во развој каде одржувањето и ракувањето би можело да биде комплицирано.



Онаму каде се работи со такви скенери, се прават редовни контроли со цел да се обезбеди нивото на зрачење во задоволителни и дозволени граници. Тоа е мошне важно, бидејќи секогаш постои можност нешто да се сврти наопаку кај скенерите и тие да започнат да емитираат поголемо зрачење. Со цел тоа да се одбегне, мораме периодично да ги проверуваме скенерите – објаснува Махеш, професор по радиологија на универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор.



Иако многу стручнаци изразуваат уверување дека изложувањето на зрачење од скенерите за целото тело не претставува ризик за развој на рак, некои апелираат на внимателност. Доктор Дејвид Бренер од универзитетот Колумбија во Њу Јорк е еден од нив.



“Децата се мошне чувствителни за разлика од возрасните во однос на зрачењето, а ембрионот во развој и фетусот се едни од најосетливите”- вели Бренер.



Стручњаците велат дека се потребни дополнителни студии.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER