Дали каменот во бубрег и атеросклерозата се поврзани? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Дали каменот во бубрег и атеросклерозата се поврзани?

Најновата студија покажува дека младите лица кои боледувале од камен на бубрег имаат значително поголем ризик од атеросклероза (заболување на крвните садови).



Според научниците ова немора да значи дека едното го иницира другото, но можат да имаат заеднички иницијатор.







Во истражувањето се покажало дека луѓето со камен на бубрег имале за 60% поголеми шанси за понатамошно заболување од атеросклероза. Во студијата биле опфатени повеќе од 5 000 испитаници од 18 до 30 години, а истражувањето било спроведувано во период од 20 години.



Научниците предупредуваат дека често луѓето на камечето во бубрегот гледаат како проблем со уринарниот тракт, без да размислат дека бубрезите ја филтрираат крвта и проблемот може да биде лоциран во артериите.



Зголеменото количество холестерол, зголемениот притисок (хипертензија), пушењето и дијабетесот, можат да го зголемат ризикот од настанување на атеросклероза, и исто така да го зголемат ризикот од срцев инфаркт и мозочен удар.



Овој факт и не е некое изнендување затоа што и во предходните студии се покажало дека каменот на бубрег го зголемува крвниот притисок, а тој пак е ризик фактор за атеросклероза.



Инаку статистички гледано во САД околу 5% од населението има камен на бубрег.

Ризикот од камен на бубрег може да се намали со зголемено пиење на течности, околу 2 л дневно како и избегнување на внесот на сол и месо во организамот. Додека пак ризикот од атеросклероза може да се намали со вежбање, здрава исхрана и откажување од пушењето.



Превел и обработил
:

Роберт Николовски – студент на медицина




Извор
: The Journal of Urology

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER