Дали кучињата можат да распознаваат бои? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

Дали кучињата можат да распознаваат бои?

 

Ако мислите дека одговорот на ова прашање е “не“, тогаш сте во грешка. Модерната наука го одговори ова старо прашање: Кучињата гледаат во боја, но не истиот начин како што тоа го прави човекот. Палетата на бои која што кучињата можат да ја видат се разликува и е ограничена во однос на она што може да го види и разликува човекот. Исто така, и интензитетот на боите кои што кучињата го гледаат е помал за разлика од интензитетот кој што го гледа човекот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Очите имаат “стапчиња“ и “конуси“ кои што помагаат во идентификувањето на бојата. Стапчињата ни кажуваат колку нештото е светло или темно (црно или бело) додека конусите ни помагаат во идентификувањето на бојата. Човекот има три типа на конуси со кои што се детектираат жолтата, виолетовата и зелената боја.

 

Кучињата имаат само два типа на конуси и тие детектираат портокалова, жолта и зелена како жолта боја. Сино-зелената боја ја гледаат како бела додека црвената ја гледаат кафено-црна. Иако можат да ја гледаат сината боја, не можат да ги разликуваат сенките, особено кога сината боја станува потемна.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER