Дебелите деца можат да станат импотентни мажи | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Дебелите деца можат да станат импотентни мажи

 

Според истражувањата, дебелите деца имаат голем ризик да пораснат како импотентни мажи бидејќи нивното ниво на тестостерон е значително намалено.

 

Научниците од Универзитетот во Бафало направиле истражување каде што ги споредиле резултатите од испитување на тестостеронот кај 25 деца со нормална телесна тежина и 25 деца со зголемена телесна тежина. Децата кои биле испитувани биле на возраст од 14 до 20 години, а резултатите покажале дека дебелите деца имале за најмалку 50 % помало ниво на тестостерон од останатите.

 

Научниците велат дека ќе продолжат со истражувањето на поголем број на деца за со сигурност да ја докажат поврзаноста на дебелината и тестостеронот. Истражувањето е објавено во списанието Clinical Endocrinology.

 

Одговорниот на истражувањето д-р Paresh Dandona, изјавил дека навистина е изненаден од фактот што дебелите деца имаат дури 50 % помалку тестостерон од оние со нормална телесна тежина и дека резултатите се многу по загрижувачки отколку што некој очекувал.

 

Дебелината кај децата е се почеста денеска што претставува навистина загрижувачки податок. Добрата вест е дека со намалување на телесната тежина нивото на тестостерон може да се врати, но сепак научниците велат дека ќе направат поопсежно испитување и ќе излезат со поконкретни резултати.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER