Деменција (сенилност, прогресивен губиток на когницијата) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Деменција (сенилност, прогресивен губиток на когницијата)

Дефиниција



Сенилноста или уште наречена деменција означува прогресивно слабеење и губиток на многу физички, физиолошки и психички способности и функции кои се јавуваат со текот на стареењето.



Причини за настанување



Сенилноста може да настане поради оштетување на мозокот или секундарно, поради постоење на други болести и состојби (депресија, хормонска нерамнотежа, атеросклероза, мозочен удар и др.)






Клиничка слика



Општите симптоми на сенилноста се: опаѓање на интелектуалните способности, психичка инерција, потешкотии во помнењето, фиксација за настани од минатото, потешкотии во прилагодувањето и сл.



Кај типичните случаи, состојбата започнува со пореметувања во помнењето, потешкотии во пронаоѓањето на зборови и чести промени на расположението. По најмалку шест месеци се воочуваат проблеми на влошување на состојбата, за разлика од обичната заборавеност која не се влошува.



Со напредување на болеста може да се развијат и останати проблеми: постојано заборавање на неодамнешни настани, состаноци, имиња на лица, како и потешкотии во разбирањето на она што е кажано.



Лицата стануваат конфузни во ракувањето со пари, возење на автомобил или употреба на апаратите во домаќинството. Настануваат промени во личноста: прекинуваат да се грижат за лицата од непосредната околина, стануваат раздразливи или рамнодушни.

Може да се појават промени во расположението со плачливост, стануваат сомнителни, мислат дека некој ги поткраднува или има намера да им наштети.



Во подоцнежната фаза на болеста пациентите може да постанат вознемирени, стануваат во текот на ноќта, се спремаат да одат некаде, залутуваат и се губат, или пак постојано се шетаат во ист простор.



Во завршната фаза на сенилноста болните се врзани за постела, се губи нормалната комуникација, не го контролираат повеќе мокрењето ниту дефекацијата.

Личноста може да се промени до тој степен, па блиските да имаат чувство дека се работи за сосема друго лице.



Дијагноза



Испитувањето на болниот се состои од невролошки и психијатриски преглед, невро-психолошки тестови, соодветни лабараториски анализи на крвта, скенирање на мозокот и други анализи во зависност од потребата.



Терапија



Засега не се познати мерки кои сигурно би штителе од сенилност, но во тек се многубројни истражувања за овој проблем.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER