Денешните мајки се многу помалку активни отколку пред 50 години | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Денешните мајки се многу помалку активни отколку пред 50 години

 

Денешните мајки се многу помалку активни од мајките во шеесетите години од минатиот век, се вели во новата студија.

 

Тимот на Универзитетот Јужна Каролина ја анализирал активноста на мајките од 1965 до 2010 година. Жените биле поделени во две групи, една група со деца под пет години и друга група со деца од шест до осумнаесет години.

 

 

Кај првата група во 45 годишниот период забележано е намалување на активноста за 14 часа неделно, односно од 44 часа во 1965-та година на 30 часа во 2010-та година. Кај мајките со постари деца се забележало намалување за повеќе од 11 часа неделно.

 

Тоа значи дека жените денес треба да внесат помеѓу 175 и 225 калории помалку во текот на денот за да ја одржат својата телесна тежина во нормални граници.

 

Пронајдено е и дека денешните мајки се повеќе време поминуваат во седечки активности како што е гледањето телевизија со просечно зголемување од 7 и 6 часови неделно за секоја група.

 

Поради фактот што физичката активност е апсолутно потребна за здравјето, не е за изненадување дека неактивноста е една од главните причини за смрт и појава на заболувања во развиените земји.

 

Само во Британија, недостатокот на физичка активност е причина за 5.3 милиони смртни случаи во текот на годината, скоро иста бројка каде што причинител е пушењето.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER