Депресијата е најчеста во 48-ата година од животот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПСИХИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Депресијата е најчеста во 48-ата година од животот

Многу од луѓето се чувствуваат депресивно во средните години од животот. Истражувањата покажуваат дека тоа и навистина се години на големи емотивни нестабилности. Добрата вест е што во златните години, нивото на расположение расте.



Линдонските научници направија дијаграм на расположението со текот на животот и тој личи на латинската буква U каде што расположението е на високо ниво во текот на младоста, на ниско ниво во средните години, за да во староста расположението пак се искачи на високо ниво, што означува добро расположение.



Истражувањето опфати 2 милиони жители од целиот свет при што се анализирани податоци за депресијата, анксиозноста, менталното и физичкото здравје.



Просечно, годината во која човекот најлошо се чувствува е 48-ата. Сепак, има и некои разлики во регионите што се опфатени, па така, просечниот Британец најлошо се чувствува во 36-тата година од животот, додека Португалецот во 66-тата.



Едно од објаснувањата зошто личноста во средните години е склона кон депресија лежи во фактот дека таа сфаќа дека нема да успее да ги оствари сите свои намери и да ги направи сите работи што ги сакала и планирала во текот на својот живот. Друго објаснување би можело да биде дека како што годините поминуваат, се повеќе луѓе што ги знаеме умираат, што неминовно не наведува да размислуваме за сопствената минливост и смртта.



Научниците сметаат дека околу 60-тите години од животот, човекот самиот со себе ги разрешил овие прашања и тогаш настапува мирен период. Најдобрата вест, според научниците е таа дека ако доживеете 70 години старост и имате релативно добро здравје, ќе се чувствувате среќно како дваесетгодишник.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER