Десет факти што секој маж треба да ги знае за својата простата | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОНКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Десет факти што секој маж треба да ги знае за својата простата

 

Ноември е месец на развивање и подигање на свесноста за ракот на простата.

 

Прочитајте за десетте основни факти за простатата, ракот на простата и неговата превенција.

 

Познавајќи ги симптомите на ракот на простата може да помогне во рано дијагностицирање на болеста кога и успехот на третманот е најдобар.

 

  1. Што е простата?

Простата имаат само мажите. Нејзината улога е создавање на семена течност која што се меша со спермата за да се создаде семе.

 

  1. Како изгледа?

 

Таа е жлезда со форма и големина на орев и се наоѓа помеѓу коренот на пенисот и анусот. Кај постарите мажи кои што имаат проблеми со простата, може да потече притоа зголемувајќи се до форма и големина на слива. Ако нејзиниот обем се зголеми уште повеќе, може да се наруши протокот на урина.

 

  1. Како да знам дека мојата простата е здрава?

 

Протокот на урината е добар индикатор за проблемите со простата. Ако имате намален проток на урина во подолг период, јавете се на доктор.

 

Постојат многу причини за промена на притисокот при исфрлањето на урината како што е неканцерозното зголемување на простатата наречено бенигна простатична хиперплазија или простатитис – воспаление или инфекција на простатата.

 

Ракот на простата не секогаш го афектира протокот на урина се додека болеста не е во поодмината фаза и поради тоа протокот на урина сам по себе, не е доволен фактор за заклучок.

 

Други симптоми кои што можат да се јават се почесто станување навечер за мокрење, испрекинат тек на урината и слаб проток на урина.

 

Не толку честите симптоми вклучуваат болка во тестисите, проблеми со ерекција, болка при ејакулација, болка при мокрење и крв во урината.

 

  1. Дали годините се фактор?

 

Ракот на простата вообичаено ги напаѓа мажите над 50 годишна возраст и околу 50% од сите мажи од оваа возрасна група покажуваат знаци на зголемена простата. Најголемиот процент на случаи на рак на простата се регистрирани кај луѓето помеѓу 70 и 74 години.

 

Еден од 25 мажи ќе умре како директна последица на болеста и околу 7 од 10 нови дијагностицирани пациенти со рак на простата преживуваат повеќе од пет години. Вреди да се спомене дека простатитис може да се јави кај секој маж на било која возраст.

 

  1. Што е ПСА тест?

 

Ако докторот сака да го докаже постоењето или непостоењето на рак на простата, веројатно ќе наложи да се направи ПСА тест. Тоа е крвен тест кој што го мери нивото на протеинот Простатичен Специфичен Антиген (ПСА). ПСА се произведува во простатата и во мали количини се наоѓа и во крвта.

 

Зголеменото ниво на ПСА може да биде предупредувачки знак за присуство на рак на простата. Исто така, може да индицира и на други проблеми кои што не се канцер – три од четири мажи со зголемени нивоа на ПСА немаат рак на простата. Но, колку што е поголемо нивото на ПСА, толку е и поголема веројатноста за присуство на рак.

 

  1. Дали постои генетска поврзаност?

 

Ако некој од вашите роднини имал рак на простата, тогаш имате зголемен ризик за развивање на болеста.

 

Во иднина ќе се развие генетско профилирање со цел да се идентификуваат оние мажи кои што имаат голем ризик за развој на рак на простата.

 

Кажете му на вашиот доктор ако некој од вашата фамилија ја имал болеста со цел редовно да правите крвни тестови за да го мониторирате нивото на ПСА.

 

  1. Јадете повеќе овошје и зеленчук

 

Обидете се секојдневно да консумирате шест порции овошје и зеленчук. Три пати неделно консумирајте риба која што е богата со витамин Д и есенцијални масни киселини, омега 3 и омега 6.

 

Постојат докази дека селенот го намалува ризикот од рак на простата. Се наоѓа во брокола, бразилски ореви, морска храна, аспарагус, кафеав ориз и кромид.

 

Селенот може да се зема и како суплемент и најдобар ефект се постигнува кога се комбинира со витамин Е и цинк.

 

Мажите од медитеранот имаат помал процент рак на простата и се смета дека тој процент е помал поради нивната исхрана која што е богата со овошје и зеленчук, лук, маслиново масло, риба и домати.

 

Доматите содржат црвен пигмент наречен ликопен, моќен каротиден антиоксидант кој што помага во поправање на оштетените клетки.

 

Според една американска студија спроведена на 47 000 мажи во текот на шест години, оние кои што консумирале 10 оброци храна базирана на домати имале за 45% намален ризик за развој на рак на простата.

 

  1. Јадете помалку

 

Постои јасна поврзаност помеѓу гојазноста и ракот – прекумерната телесна тежина за 100% го зголемува ризикот за смрт од рак.

 

Намалете ја консумацијата на масти и заменете ги заситените масти со мононезаситени и полинезаситени масти.

 

Заситените масти се наоѓаат во месото, маргаринот, чипсот и во голем дел од процесираната храна.

 

Намалете ја консумацијата на сол и умерено консумирајте алкохол. Избегнувајте чадено месо и салами кои што содржат канцерогени супстанци кои што можат да допринесат за појава на канцер.

 

  1. Консумирајте чај

 

Кај јапонците и кинезите процентот на рак на простата е многу мал и се верува дека зелениот чај е одговорен за тоа поради неговото богатство со полифеноли кои што имаат антиоксидантни карактеристики.

 

Консумирајте шест до осум чаши вода во текот на денот со цел да ги исперете бубрезите и да го чувате телото хидрирано.

 

  1. Бидете активни

 

Вежбањето помага во балансирањето на хормонските нивоа, ја регулира телесната тежина и го зајакнува имуниот систем. Никогаш не е доцна да почнете да вежбате – студиите имаат покажано дека вежбањето е од корист дури и кај оние индивидуи кои што веќе се дијагностицирани со рак на простата и примаат третман.

 

Одржувањето на здравата телесна тежина и правилната исхрана помагаат во продолжувањето на животот на пациентите со рак.  

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER