Детски глисти | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Детски глисти

Автор:

Роберт Николовски

Студент по Општа Медицина




Вовед




Заразата со детски глисти е многу чест проблем на децата низ целиот свет, за среќа симптомите во најголем број од случаите се благи, а лекувањето мора да се спроведе на сите членови во семејството или колективот. Детските глисти се најчестите паразити кои се наметнуваат на човекот, тие не се одлика само на сиромашните земји каде што хигиената е на многу ниско ниво како што се мислело порано, туку претставуваат голем проблем и за богатите земји низ целиот свет.



Заразата од детски глисти настанува како последица на проголтување на зрели јајца, иако кај некои типови на глисти јајцата можат да се внесат и преку кожата. Откако јајцата ќе дојдат до организамот тие се пробиваат до нивната цел, која најчесто е дебелото и тенкото црево. При нивното влегување во организмот доаѓа до зголемување на еозинофилните крвни клетки, бидејќи тие клетки се одговорни за уништување на паразитите во човековото тело. Најчесто се заразуваат децата, особено оние кои престојуваат во поголеми заедници. Детските глисти можат да се забележат со голо око - нивната големина варира од неколку милиметра па се до неколку метра.





Мала детска глиста - Најчест паразит кај децата




Enterobius vermicularis, позната уште и под името бела глиста, претставува мала бела глиста која наликува на конец. Најчесто се јавува кај децата, а се карактеризира со значителни симптоми на јад во пределот на аналниот отвор. Овој тип на детски глисти е раширен низ целиот свет без разлика на климатските и социоекономските услови во земјата. Се појавува најчесто кај децата во периодот од претшколска возраст, но често се појавува и во школската возраст, каде што освен децата можат да бидат заразени и возрасните кои со нив работат.



Црвите се појавуваат и живеат во цревата на човекот. Женките црви кои ги носат јајцата се населуваат во анусот, тоа го прават најчесто во вечерните часови, кога детето спие, и ги положуваат јајцата на површината на кожата. Јајцата се положуваат заедно со лепливиот секрет, кои заедно со движењето на црвите предизвикуваат силен јадеж, и така детето чешајќи се ги разнесува јајцата во околината (преку директен контакт, или индиректен) кои понатаму доколку бидат проголтани од друго лице исто така ќе бидат пренесени.



Животниот циклус на глистите кои живеат во цревата на човекот е некаде околу 4 до 6 недели. Децата често повторно се заразуваат така што после чешањето, јајцата остануваат под ноктите на детето или поради немиењето на рацете повторно се внесуваат во устата, со процес на автоинокулација. Можноста за пренесување и преку предмети е исто така голема, најчести предмети кои можат да содржат јајца од глистите се
: долната облека, постелнината и сл. Овие јајца се многу лесно преносливи - доказ за тоа е и фактот што дури и при тресењето на постелнината јајцата остануваат да лебдат во воздухот во одреден период и доколку бидат вдишани исто така повторно може да настане заразување.



Јајцата на собна темперетура можат да преживеат до две недели, што е причина освен детето и целата фамилија да биде заразена со овој тип на глисти. Заразата е главно пропратена со благи симптоми. Главни симптоми кои се јавуваат се: јадеж околу аналниот отвор, кој е особено интензивен во ноќниот период, кога женката ги полага јајцата, поради ова децата интензивно се чешаат отварајќи ранички во овој предел од телото, тие ранички често можат да бидат место на развој на секундарна инфекција.




Дијагноза и лечење на ентеробијазата



Начинот на докажување на овој тип на глисти е земање на отпечаток од перианалната регија. Отпечатокот се зема со обична леплива трака (селотејп) која е залепена за предметно стакленце. Откако ќе се земе отпечаток материјалот за испитување се носи во лабораторија каде треба да биде испитан во рок од 24 часа. Посебно е важно отпечатокот да биде земен наутро по будењето на детето и пред миење на овој предел или бањање за да не се измијат јајцата, а ние да добиеме лажно негативни резултати.



По успешното лекување задолжително е вриење на целата облека како и дезинфицирање и проветрување на просториите каде што престојувало детето, за да спречиме повторно настанување на заразата. Пред се најбитна е превенцијата од оваа зараза, а како превенција најдобро би било едукација на детето за правилни хигиенски навики, со што би се заштитило од внесување на јајцата на глистите, а со тоа и настанување на оваа зараза.



Голема детска глиста





Ascaris lumbricoides, или голема детска глиста, претставува најголемиот валчест црв кој може да паразитира во човековото тело. Овој вид на глисти се јавува во пределот на тенкото црево, женката полага јајца кои преку столицата се ифрлаат надвор. Женката во текот на денот може да произведе повеќе од 200 000 јајца, а човек може да се зарази ако проголта само едно. После заразувањето црвот има способност да се движи низ крвта при што поминувајќи низ белите дробови често може да предизвика и пневмонија. Начинот на внесување на јајцата е нешто сличен на предходниот, се јавува како последица на нехигиена на рацете, не миење на овошјето и зеленчукот, а симптомите може и да не бидат забележани.



Од симптоми како што спомнавме можна е пневмонија, која може да биде проследена со благо покачена темперетура, а во посериозни случаи можни се и стомачни болки и мачнина. Ако инфекцијата е тешка можно е да дојде и до затворање на цревниот лумен, но ваква клиничка слика е исклучително ретка. Јајцата на овој тип на глисти лесно се забележуваат во столицата што го олеснува дијагностицирањето. Во столицата освен јајцата можат да се најдат и црви. За индиректна дијагноза можат да се користат и имунолошки тестови, но тие се покомплицирани и ретко се користат.




Влакнест црв





Trichuris trichiura (влакнестиот црв – глиста) е паразит со карактеристичен изглед. Живее исто како и претходните во цревата на човекот. Женката во цревата ги полага јајцата кои се исфрлуваат надвор преку столицата. Како и кај останатите човекот се заразува ако проголта едно од тие јајца. Хигиената е исто така важна за превенција од оваа глиста бидејќи заразувањето и кај овој тип на глисти настанува како последица на нехигиена на рацете и храната. Заразата најчесто се јавува кај деца од 5 до 15 години, и често поминува без симптоми, освен во одредени случаи кога настанува воспаление на слузницата на цревата. Во таквите случаеви се забележува крв во столицата како и блага анемија. За дијагностицирање на овој тип глиста се користи нативен преглед на столицата, при што се забележуваат јајцата со карактеристична форма.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER