Децата, дијабетот и училишните екскурзии… | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Децата, дијабетот и училишните екскурзии…

Повеќедневните патувања и излетите ја потикнуваат самодовербата кај децата, забавни се и ја унапредуваат самосвеста и самостојноста. Децата и адолесцентите со дијабетес може во потполност на учествуваат во повеќедневните програми.




Обично децата/адолесцентите тргнуваат во камповите во време кога се веќе одговорни и самостојни за лекувањето на својата болест.



Ова вклучува:



- Самостојно давање на инсулинските инјекции;



- Мерење на шеќерот во крвта;



- Препознавање и рано лекување на хипогликемијата;



- Разбирање на програмите на исхрана и земање на јаглени хидрати;



- Разбирање на сериозноста дека оброците треба да бидат навремени;



- Разбирање на потребата за дополнителна исхрана богата со јаглехидрати пред, за време или после телесна активност.



Родителите треба да се состанат со организаторите на ексурзиите, како би се договориле за посебните потреби на овие деца.



Родителите на помалите деца може да бидат повикани да присуствуваат на патувањето ако детето кое боледува од дијабетес не е во целост самостојно да ја прима терапијата.



Потребно е тие да се запознаат со:



- Планирањето на оброците (особено поради потребите за јаглехидрати во сите оброци и ужинки);



- Превенција на хипогликемија;



- Мерење на нивото на шеќер во крвта;



- Препознавање и лекување на хипогликемијата;



- Лекување на дијабетесот;



- Кога да се побара помош и детали за итна медицинска помош.



Многу е важно сите членови на семејството, пријателите и лицата кои заедно ја делат собата со детето кое боледува од дијабетес да бидат свесни за посебните потреби на овие деца/адолесценти.



Пред заминувањето на повеќедневното патување, дозите на инсулинот обично се намалуваат, бидејќи надвор од домот и за време на овие екскурзии, телесната активност е зголемена, а променет е и начинот на живот, па хипогликемичните напади може да се повторуваат.



Пред секој оброк и ужинка потребно е да се понуди храна која содржи јаглехидрати кои бавно се апсорбираат (компир, тестенини, ориз, зеленчук, житарки). Оброците да се служат во редовни периоди. Дополнителна храна богата со јаглехидрати е потребна покрај телесната активност и мора да биде достапна на местото на одржување на телесните вежби.



Потребни работи за повеќедневните екскурзии:



Детето/адолесцентот со дијабет, мора со себе да понесе доволна количина на инсулин и прибор. Исто така е потребно да се дадат податоци за контакт на докторот/медицинскиот персонал/болницата, и да се овозможат средства за чување (ладење) на инсулинот за време на топлите периоди, доколку не е достапен ладилник.



Кампови за дијабетес/повеќедневни ексурзии



Дијабетичките кампови/повеќедневните ексурзии за децата и адолесцентите се одржуваат еднаш во годината. Детали за датумот, местото, и трошоците може да се добијат од медицинската сестра (специјализирана за дијабетес) која го води детето/адолесцентот.



Планирањето е неопходно за безгрижни училишни излети



Земете во предвид и планирајте го:



- Времето на оброците;



- Времето на апликација на инсулин и тестирање на крвта;



- Секогаш со себе носете залихи на храна (во случај на хипогликемија).



Автобуси



Од претпријатијата кои се одговорни за превоз потребно е да се побара дозвола со цел да му овозможите на детето/адолесцентот со дијабетес со себе да понесе намирници кои може да ги употреби за време на патувањето.



Посебни настани...



На децата/адолесцентите со дијабетес треба да им се овозможи учество на посебни забави и прослави.



Храна како што се, сендвичи, пица, пуканки, овошје и сладолед е соодветна за ваквите забави. Во случај на делење на пакетчиња со слатки, на детето треба да му се дозволи добиеното да го однесе дома, на кој начин родителите би можеле храната да ја проверат и да дозволат консумација на истата во правилни временски интервали и во соодветни количини.



Извор: American Diabetes Association - ADA

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER