Дизурија (болно и отежнато мокрење) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Дизурија (болно и отежнато мокрење)

Дизуријата претставува симптом кој реферира болно и отежнато мокрење. Причината за настанување може да лежи во голем број на болести.



Најчести се инфекциите на гениталниот систем (вагинитис – воспаление на вагината, вулвитис – воспаление на вулвата, уретритис – воспаление на уретрата) и уринарниот тракт (циститис – воспаление на мочниот меур, пиелонефритис – воспаление на бубрезите, простатитис – воспаление на простатата и останати заболувања).



Дизуријата може да се појави и во склоп на други заболувања: бенигна хиперплазија на простата, стриктура на уретра, тумори на гениоуринарниот тракт, спондилоартропатија, каменчиња во бубрезите. Исто така, причините може да бидат иритација со хемиски супстанци од сапуни, купки, кондоми, итн.



Во клиничката слика доминира чувство на пецкање или болка во текот на мокрењето. Започнува во текот на мокрењето и може да трае извесно време после мокрењето. Кога болката се појавува на почетокот на мокрењето, укажува на процес во мочниот меур. Дизуријата често се јавува кај жените и кај старата популација.



Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, клиничкиот преглед, лабораториските анализи (преглед на урината), ултразвук, интравенска пиелографија, цистоскопија.



Терапијата се состои во лекување на основното заболување кое ја предизвикало дизуријата.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER