Диплопија (појава на двојни слики во видното поле) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОФТАЛМОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Диплопија (појава на двојни слики во видното поле)

Автор:



д-р Петар Динов




Диплопијата претставува двојно гледање. Зборот има грчко потекло, и се состои од зборовите “diplos" што значи двојно, и “ops" што значи око. Често претставува прва манифестација на многу системски пореметувања, особено мускулни и невролошки заболувања.





Причини за настанување



Пореметувањата во развојот на бинокуларниот вид настануваат во првите години од животот. Во зрелиот животен период, кога бинокуларниот вид е развиен и утврден, сите окуломоторни пореметувања може да доведат до непријатни двојни слики, но никако и до сензорни пореметувања.

Бројни причини може да предизвикаат диплопија.

Моноокуларната диплопија (двојни слики кои се создаваат на едно око) може да настане кај повреди нa корнеата, ирисот, при катаракта, кератоконус, сублуксација на леќата, патолошки состојби на ретината. Бинокуларната (вистинска) диплопија настанува кај пореметувања на функцијата на бинокуларниот вид, паралитичен страбизам, кај оперативни зафати при корекција на рефрактерни аномалии, после операција на катаракта, поставување на вештачки леќи.



Исто така на диплопија може да се жалат хистерични лица, лица со силни мигренозни главоболки, невролошки заболувања, миастенија гравис итн...



Клиничка слика



Двојното гледање може да биде константно или интермитентно, при гледање на близина или на далечина, при гледање со едно око (моноокуларно) или со двете очи (бинокуларно). Биноколарното двојно гледање се корегира со затворање на едното око, додека кај моноокуларното двојно гледање и при покривање на едното око и понатаму перзистираат двојните слики.



Двојните слики се непријатни, па организмот се бори против нив на два начина: со неутрализација и абнормална ретинална кореспонденција. Неутрализацијата се состои во тоа што ликот на изместеното око не доаѓа до централниот нервен систем, а кај абнормалната ретинална кореспонденција се постигнува лажна симултана перцепција.



Дијагноза



Испитувањето на диплопијата наједноставно се изведува со проба со свеќа и црвено стакло под едно око. Потоа се прават офталмолошки прегледи и невролошки испитувања за да се утврди причината за настанување на диплопија, а по потреба се прави и КТ скен и НМР – нуклеарна магнетна резонанца.



Лекување



Симптоматската терапија подразбира затворање со газа и слично, на едното око, додека не се отстрани причината. Етиолошката терапија зависи од основното заболување кое довело до диплопија.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER