ДИСКУС ХЕРНИЈА | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ДИСКУС ХЕРНИЈА

Автор:

д-р Петар Динов







Дискус хернијата настанува со оштетување на ‘рбетните корени предизвикани од пролапс (испаѓање) на лумбалните интервертебрални дискуси. Големото социо-медицинско значење потекнува од фактот дека таа е една од мошне честите причини за работна неспособност, односно боледување.






Причини за настанување



Прераното стареење и дегенеративни промени на интервертебралниот (меѓуупрешленскиот дискус) се секако основните причини за појава на оваа болест. Најчесто при подигнување на товар од несоодветна положба на телото (погрешно движење) доаѓа до раскинување на фиброзниот прстен на дискусот и пролапс на неговиот средишен дел – nucleus pulposus, кој врши компресија на соодветниот ‘рбетен корен (местото од каде минуваат нервите).

Предилекционо место е помеѓу петиот умбален и првиот сакрален прешлен со притисок на првиот сакрален корен. Поредок е пролапсот помеѓу четвриот и петиот лумбален преѓлен со компресија на петиот лумбален корен, а уште поредок помеѓу третиот и четвртиот или вториот и третиот лумбален прешлен.




Клиничка слика

Во анамнезата има повеќе настапи на болки во лумбалниот дел на ‘рбетниот столб (лумбаго), обично после напрегање. Актуелна е болката која е лоцирана во истиот предел и се шири кон зглобовите во колкот, низ потколеницата и листот на ногата се до прстите. Парестезиите (променетата сензација, чувство на трнење), понекгаш и хипестезија (намалено чувство за допир) во палецот на ногата зборува дека е во прашање лезија на коренот L5, односно оштетување на дискусот помеѓу четвртиот и петиот лумбален прешлен. Кога овие пореметувања ќе се појават на надворешната страна на стапалото и малиот прст, станува збор за оштетувања на коренот S1. Ахиловиот рефлекс е намален или угасен и тоа е најсоодветен знак. Болките се зголемуваат со движењето и напрегнувањето (кашлица, кивање, смеење). Истегнувањето на ишијадичниот нерв (со подигнување на испружената нога) доведува до зголемување на болката (позитивен знак на Лазаревиќ).



Може да се најдат и разновидни моторни знаци – најчестиот наод е рефлексниот спазам на паравертебралната мускулатура која претставува одбрамбена реакција од болни движења. Движењето на овој дел од ‘рбетниот столб е ограничено, особено кон назад. Може да се појави и хипотонија на мускулите, на пример глутеалните а понекогаш и мускулите на целата нога. Неможноста за стоење на прсти и петите е поседица на слабост на флексорите и екстензорите на палецот и флексорот на стапалото. Пролапсот помеѓу вториот и третиот и третиот и четвртиот лумбален прешлен ја дава симптоматологијата од страна на нервус феморалис – намалување, т.е. гасење на пателарниот рефлекс, намалување на силата, хипотонија и хипотрофија на мускулус квадрицепс.



Дијагноза




Освен клиничката слика за дијагностика се значајни ЕМГ – која може да ги идентификува ледираните кроени и да го одреди степенот на нвното оштетување; нативна снимка на лумбосакралниот ‘рбет обично покажува стеснување на интервертебралниот простор, но и други дегенеративни промени на ‘рбетниот столб. Современа метода која го покажува нивото и големината на пролапсот е нуклеарната магнетна резонанца –МРИ. Одличен приказ за пролапсот во оваа регија обезбедува и лумбалната радикулографија.



Терапија



Акутната болна фаза побарува итна терапија поради тежината на болките кои во голем број од случаите се неподносливи. Најефикасна мерка е инфилтрацијата на паравертебралната мускулатура во близина на болните точки со анелгетици и кортикостероиди. После инфилтрацијата треба да се загрева лумбалниот предел со помош на топол термофор. Корисна е примената и на миорелаксантни средства со седативно дејство. Често се даваат и инјекции на витамин Б1, Б6 и Б12. Во акутната фаза најкорисно е поставување во положба на грб со натколениците во вертикална и потколениците во хоризонтална положба – положба на Williams.



По смирувањето на болките се применува физикална терапија со цел јакнење на паравертебралната мускулатура. Болниот треба да се советува да спие на рамна послеа, да избегнува подигнување на терет при исправање, да ен прави ненадејни движења и сам да спроведува соодветни вежби.



Ако постои пореметување на функцијата на сфинктерите и потенцијата, значителна слабост на мускулите и атрофија, знаци за компресија на ‘рбетниот мозок и долготрајни болки потребна е хируршка интервенција.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER