Дислалија (пореметувања во говорот) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Дислалија (пореметувања во говорот)

Дефиниција



Дислалија (dyslalia) е поим за пореметување на говорот.



Означува непрецизна или погрешна артикулација (изговор на гласови), а може да се презентира и како пропуштање на некој глас (omissio), негова замена со некој друг глас (supstitutio), искривен изговор на одредени гласови (distorsio) и додавање на гласови на некои зборови или група на гласови (addition).



Возраст


Се смета дека развојот на говорот трае дури и до 9-тата година, кога говорот дефинитивно се автоматизира. Меѓутоа, децата до 3-тата година би требало правилно да изговараат најголем број на гласови. Постојат хронолошки норми до кои детето треба да ја развие правилната артикулација. Ако погрешната артикулација трае над одредените норми што се дијагностицира во соработка со специјалист оториноларинголог за подрачјето на фонијатријата, потребно е да се започне со лекување.



Поделба



Дислалијата ја делиме на органска и функционална.



Органска дислалија



Причина за органска дислалија е некое пореметување во анатомијата на артикулацијата на говорот, на пример:




  • Краток јазик
  • Слабо подвижен јазик
  • Пореметувања во развојот на забите
  • Голем, задебелен јазик (макроглосија)
  • Расцепи на непцето
  • Расцепи на вилицата
  • Расцеп на усните
  • Разни останати малформации на јазикот и вилиците





Функционална дислалија



Функционалната дислалија е предизвикана од пореметена функција ( на пример слушање), а така ги нарекуваме и дислалиите за кои не ја знаеме причината. Кај така наречените отогени дислалии најчесто е пореметен говорот предизвикан од оштетување на слухот за типична фреквенција за некој глас. Дислалијата може да се појави и при забавен говорен развој, како еден од многубројните симптоми.



Опсег на оштетување



Зависно од причината, гласовниот систем може да биде оштетен делумно (понекогаш само гласот или збирови од гласови) или целосно.



При расцепи на непцето (палатошиза) пореметен е целиот систем на гласови (ринолалија). Почесто се работи за делумно оштетување каде најчесто погрешно се изговараат согласниците, најчесто фрикативи (с, з, ш, ж), африкати (ц, ч, џ) и вибранти (р).



Сигматизам (sigmatismus) е поим за неисправен изговор на гласови (с, з, ц, ш, ч, џ). Кај мали деца најчесто се работи за испуштање (omission) и замена на тие гласови, а кај возрасните за искривен изговор (дисторзија). Латералниот сигматизам е најнепријатниот вид на сигматизам за слушателите. Настанува во текот на развојот на трајното забало, кога детето поради губитокот на секачите го поставува јазикот на страна (латерално), барајќи потпора на преткатниците. Доколку и после израснувањето на секачите останува истиот механизам на создавање на гласови, резултат е латерален сигматизам кој треба да се решава со говорна терапија.



Ротацизам (rotacismus) е назив за пореметен изговор на гласот – р. Тоа пореметување е најчесто после сигматизмот, а се манифестира со испуштање, замена и искривување на изговорот. Ако изостанувањето и замената на гласот р, потрае и после 3-тата година, потребно е да се побара помош од лекар оториноларинголог – фонијатрија или логопед.



Ламбдацизам (lambdacismus) е пореметување во изговарањето на буквата л и љ.



Капацизам (kapacismus) е пореметување во изговорот на буквата к.



Гамацизам (gamacismus) е пореметување во изговорот на буквата г.



Тетацизам (thetacismus) е пореметување во изговорот на буквата т.



Делтацизам (deltacismus) е пореметување во изговорот на буквата д.



Тетизам (thetismus) е говорно пореметување кај кое поголем број на согласки преминуваат во д или т и претставува значително сериозно пореметување во однос на досега наброените. Тука може да се работи за сериозни пореметувања во развојот на централниот нервен систем.



Терапија



Лекувањето на дислалијата се спроведува со отстранување на причините на пореметувањето на говорот ако е тоа возможно (на пример хируршка корекција на расцепите на непцето, вилиците и усните). Ако причината неможе да се отстрани или не е позната, лекувањето се состои првенствено од говорни вежби.



Автор: За Здравје



Литература:



Padovan I, Kosoković F, Pansini M, Poljak Ž. (1991) Otorinolaringologija.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER