Дислексија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Дислексија

Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Децата кои страдаат од оваа болест, имаат тешкотии и при интерпретацијата на визуелните симболи.




Иако имаат нормален вид и слух, како и навики за пишување, тие имаат тешкотии при пишувањето на букви или зборови по саканиот редослед или некогаш ги мешаат некои букви, така на пример како "б" и "д" или "п" и "н".



Често мешаат и блиски зборови, не обрнуваат внимание на интерпункцијата и читаат со монотон глас. Многу често ги пишуваат зборовите како што и ги изговараат.



Децата кои страдаат од дислексија, не заостануваат во менталниот развој од своите врсници па дури и во некои случаи ги надминуваат. Но, ако дијагнозата не се постави на време и не се спроведе потребното лекување, детето ќе заостанува во училишните активности и ќе почне да пројавува отстапувања во однесувањето.



Вообичаени симптоми:



* Преместување на буквите;

* Тешкотии во читањето;

* Детето тешко може да ги запомни зборовите, дури и оние кои штотуку ги прочитало.



Што може да се превземе?



Дислексијата не треба да пречи во образованието на детето. Ако болеста се открие доволно рано и детето добива помош во училиштето од психолог и педагог, тоа ќе може да ги надмине тешкотиите. Со такво дете најдобро е да се обрнува внимание на неговите способности кои се неповрзани со писмените знаци.



Поддржувајте го творечкиот и конструктивниот карактер на другите активности, за да не ја загуби детето самодовербата што подоцна може да предизвика и нарушување во неговото однесување.



Децата кои страдаат од дислексија, имаат потреба од поддршка и совет.

Исклучително важно е да не мешаат нивните тешкотии во читањето со заостанување во менталниот развој или со било какви оштетувања на слухот и видот.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER