Дијабетесот и очното здравје | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОФТАЛМОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Дијабетесот и очното здравје

Дали сте знаеле дека еден од првите предупредувачки знаци на дијабетес е заматен вид? Можеби ќе се запрашате каква врска има дијабетесот со вашите очи. Колку повеќе сте информирани, толку подобро ќе го зачувате бесценетиот вид.







Многу од луѓето со дијабетес не се свесни дека ја имаат оваа здравствена состојба. Знаците и симптомите вклучуваат зачестено уринирање, невообичаена жед, екстремен глад, бавно зараснување на посекотини и рани, и трпки или неосетливот на врвовите на прстите од рацете и нозете.



Луѓето кои имаат дијабетес, имаат зголемен ризик од многуброојни сериозни компликации, вклучително проблеми со видот, па дури и негова загуба. Една од честите компликации на дијабетесот е дијабетичната ретинопатија, која е главна причина за слепило кај луѓето од 20 до 74 годипшна возраст.



Дијабетесот предизвикува покачување на нивото на шеќер во крвта. Хронично покаченото ниво на шеќер во крвта, ги оштетува ткивата во телото, вклучително и ситните крвни садови кои носат кислород и други хранливи материи до ретината. Ретината е слојот ткиво во задниот дел од внатрешното око, кој ги пренесува сликите до мозокот. Крвните садови на ретината кои се оштетени од високото ниво на шеќер во крвта, стануваат отечени, што може да предизвика дијабетична ретинопатија.



Луѓето со дијабетес имаат зголемен ризик од други очни компликации, како што се:

- катаракта

- глауком

- двојна визија

- промени во квалитетот на видот

- суви очи

- повторливи очни инфекции



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER