Дијализа | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Дијализа

Што е Дијализа?

Дијализа е метод на одстранување на токсичните субстанци од крвта кога бубрезите не се способни тоа да го направат.



Алтернативни имиња



Артифициелни бубрези, Хемодијализа, Перитонеална дијализа, Ренална заместителна терапија.



Како се изведува?



Дијализата може да се изведе на два начина.


Перитонеална дијализаја користи перитонеалната мебрана внатре во абдоменот. Абдоменот се исполнува со специјални течности кои може да помогнат во одстранувањето на токсините. Течноста останува во абдоменот некое време, и после се изведува надвор.Оваа форма на дијализа може да биде иведена дома, но мора секојдневно да се прави.
































Хемодијализата работи на принцип на циркулација на крвта преку специјални филтри надвор од телото. Крвта минува низ филтрите, заедно со материите кои помагаат да се одстранат токсините.



Дијализата користи специјални начини за пристап на крвта во крвните садови. Пристапот може да биде привремен или траен.



Привремениот пристап користи дијализни катетри – цевчиња пласирани во големите вени кои го поддржуваат крвотокот. Повеќето катетри се користат краток период, но тунелираните типови на катетри може да се користат подолг период, со недели па и со месеци.



Трајниот пристап се создава по хируршки пат со спојување на артерија со вена. Ова овозможува вената да прими крв под висок притисок, водејќи до истенчување на ѕидот на вената. Конекцијата помеѓу артеријата и вената може да биде направена користејќи ги крвните садови (артериовенска фистула), или пак со синтетичко премостување (артериовенски графт). Вашиот лекар може да ви препорача артериовенска фистула, бдејќи има ниска рата на инфекции и подолготрајна функција отколку артериовенскиот графт.



Крвта се насочува од точката на пристапот кон апаратот за дијализа. Тука крвта патува низ специјална течност наречена дијализат. Хемискиот дисбаланс и нечистотиите од крвта се чистат и крвта повторно се враќа во телото. Типично, повеќето пациенти подлежуваат на хемодијализа од три сесии неделно. Секоја сесија трае 3-4 часа.



Зошто се изведува дијализата?


Дијализата донекаде ја заменува функцијата на бубрезите кои не работат правилно. Ги одстранува контаминентите од крвта кои евентуално би довеле до смрт доколку бубрезите не функционираат.



Иако дијализата не е константен процес и не може да ја мониторира функцијата на телото како нормалните бубрези, но може да ги елиминира отпадните продукти и да ги врати електролитите и Ph нивото на потребното ниво.



Дијализата често се користи за пациенти кои имаат бубрежна дисфункција (нефункционирање на бубрезите), но може да се користи и за брзо одстранување на дроги и отрови во акутни ситуации. Оваа техника може да биде животоспасувачка кај лица со акутна или хронична бубрежна инсуфициенција.



Ризици:



Акутни ризици:



Емболизам

Крварење на местото на пристапот

Крампи

Реакција на дијализатот

Електролитен дисбаланс

Инфекција (Хепатитис Б и Ц, ХИВ инфекција, прионски болести и останати трансфузиони болести)

Ирегуларен срцев ритам и исхемија

Хипотензија (низок крвен притисок)

Гадење и повраќање



Долготрајни ризици:



Автономна неуропатија

Крварење кое води до дефицит на железо

Кардиоваскуларни болести

Дијализно-асоцирана амилоидоза

Дијализна деменција

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER