Додатоци во исхраната кои треба да ги избегнувате пред операција на желудник или хранопровод | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Додатоци во исхраната кои треба да ги избегнувате пред операција на желудник или хранопровод

Ако имате болки при голтање или оток, тогаш може да страдате од состојба која го афектира хранопроводот или желудникот. Сериозните заболувања, како што е карциномот и хроничниот гастероезофагеален рефлукс, може да бараат хируршки третман. Пред операцијата, вашиот лекар ќе ви даде детални инструкции за тоа што треба да правите за да се подготвите за престојната хируршка процедура. Освен што треба да се направи физикален преглед и да се провери крвната слика, може да ви биде советувано да прекинете да внесувате некои суплементи во исхраната, вклучувајќи некои билки, минерали и витамини.







Општи мерки на претпазливост



Пред било како вид на операција, вклучувајќи ги гастричната и езофагеалната хирургија, треба да се подготви листа на лекови и суплементи кои ги земате, и листата треба да се достави до вашиот лекар. Прашајте го хирургот кои суплементи треба да ги исфрлите од исхраната пред операцијата.



Суплементи кои го зголемуваат крварењето



Хируршките процедури на желудникот и хранопроводот обично се пратени со крварење. Дури и дијагностичките процедури, како што е ендоскопијата, носи ризик од крварење. Иако крварењето е нормален дел од хируршката процедура, најважно е да се прекине внесот на одредени хранливи додатоци (суплементи) кои го продолжуваат времето на згрутчување на крвта. Треба да се прекине внесот на витамин Е пред операција, затоа што тој го зголемува крварењето и го инхибира згрутчувањето на крвта. Други суплементи кои го зголемуваат крварењето се рибино масло, лук, сладок корен, ѓумбир, црвена детелина, кора од врба.



Суплементи кои влијаат врз анестезијата



Како и секоја операција, така и операциите на желудникот или хранопроводот се извршуваат под општа анестезија. Одредени додатоци во исхраната може да интерферираат со лековите кои се користат во анестезијата. Нутриционистот Филис Белч вели дека Кава Кава (лат. Piper Methysticum) ги пролонгира ефектите на анестезијата, и треба да се исфрли од исхраната намалку две недели пред елективната операција. Други сумплементи кои може да влијаат се кантарион, валеријана, сладок корен, мелатонин.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER