Доењето ја штити мајката од зголемен крвен притисок | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПЕДИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Доењето ја штити мајката од зголемен крвен притисок

Мајката која го дои своето дете минимум шест месеци има помал ризик од развој на хипертензија подоцна во животот. Според истражувачите досега многу истражувања биле направени каде било докажано дека доењето е многу корисно за детето, но ова истражување докажува дека доењето е корисно и за мајката.







Научниците ги советуваат идните мајки дека доењето е најважно во првите шест месеци, додека следните шест месеци доењето треба да се комбинира со храна. За мајчиното млеко веќе пишувавме дека содржи значителни есенцијални состојки кои се важни за бебето и кои го штитат од многу хронични болести како што е астмата, а воедно и го јакнат неговиот имунитет.



Но, освен придобивките што ги има бебето од мајчиното млеко веќе се знае дека и мајката има навистина добра причина зошто да го дои детето подолго. Имено, како придобивки за мајката од доењето се:



- Доењето ја штити мајката од зголемен крвен притисок



- Доењето и помага на мајката да се ослободи од вишокот килограми



-
Доењето ја штити мајката од дијабет



-
Доењето ја штити мајката од хиперлипидемија



Научници од Универзитет во Северна Кореја проучиле 56 000 мајки. Според нив, најголемиот број од оние мајки кои ги доеле бебињата барем шест месеци, немале проблеми со крвниот придисок 14 години подоцна.



Како точно доењето помага за спречување на хипертензијата сеуште не е разјаснето. Многу од научниците тврдат дека окситоцинот кој се излачува за време на доењето влијае врз крвниот притисок, односно врз неговата регулација.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER